Папата: Никогаш не е доцна за преобраќање

Никогаш не е доцна за преобраќање, но тоа е итно, сега е часот; да започнеме денес – поттикна папата Фрањо пред пладневната молитва Ангел Господов на 28 февруари.

Никогаш не е доцна за преобраќање, но тоа е итно, сега е часот; да започнеме денес – поттикна папата Фрањо пред пладневната молитва Ангел Господов на 28 февруари. Во традиционалниот наговор го коментираше евангелскиот извештај во кој Исус напоменува дека жртвите од двата трагични настани не страдале затоа што биле „погрешни од другите“ и ги повикувал слушателите на преобраќање. По пладневната молитва упати апел за помош на бегалците.

“Сè во сè јас сум добар“– но тоа не е вистина

Папата напомена дека „Исус го познава празноверниот менталитет на своите слушатели“ кои мислеле дека „Галилејците чија крв Пилат ја смешал со нивните жртви“ биле казнети заради некоја вина како тоа да го „заслужиле“. Себе си пак – затоа што од тоа биле поштедени – се држеле за добри и „на место“. Меѓутоа Исус „јасно го отфрла“ таквото толкување затоа што „Бог не дозволува трагедии за да ја казни вината“ и „потврдува дека тие кутри жртви не биле полоши од другите.“ Исус на тоа додва: „Ако не се покаете, сите така ќе изгинете.“

И денес пред одредени несреќи и трагични настани можеме да паднеме во искушение за тоа да ги обвиниме жртвите или самиот Бог. Но, евангелието нѐ повикува да размислиме: каква идеја сме си создале за Бог? Дали навистина сме уверени дека Бог е таков или се работи за наша проекција, за „бог“ создаден на „наша слика и прилика?“ Исус нè повикува на преобраќање – нагласи Папата предупредувајќи дека и овде се среќаваме со искушението да се оправадаме, зборувајќи: „Од што треба да се преобратиме? Нели сме сè на сè добри луѓе?“ Колку пати тоа сме го помислиле: „Па сè на сè јас сум добар, јас сум добра.“ А не е така – рече Папата.

Божјото трпение

За жал секој од нас многу наликува на стеблото кое веќе со години дава повеќе докази за својата неплодност. За среќа – рече Светиот Отец – Исус е трпелив како лозарот кој вели: Остави го уште една година. Можеби ќе роди. Таа година е годината на милост, времето на Христовото делување, времето на Црквата пред Исусовото славно доаѓање, времето на нашиот живот.

Дали сте размислувале за Божјото трпение и за неговата непрекината грижа за грешниците? Никогаш не е доцна за преобраќање, сѐ до последниот момент: Божјото трпение нè чека – рече Папата потсетувајќи на приказната од животот на света Тереза на Детето Исус благодарение на чија молитва непокајниот осуденик на смрт во последниот момент сепак го зема Распетието и го бакнува.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот