Папата се заблагодари на Богородица за патувањето во Лисабон

Папата се заблагодари на Богородица за патувањето во Лисабон

Папата Фрањо, по враќањето од патувањето во Португалија, во понеделник наутро, 7 август 2023 година, ја посети римската базилика Света Марија Велика, за да се помоли пред иконата на Богородица „Salus Populi Romani“ (Спасение на римскиот народ), еден од симболите на Светскиот ден на млади во Лисабон.

Како и обично, на крајот од секое Апостолско патување, по враќањето од Лисабон, во понеделник наутро, на 7 август, отиде во базиликата Света Марија Велика. Папата се помоли пред иконата на Пресвета Богородица „Salus Populi Romani“ (Спасение на римскиот народ), која исто така беше донесена во Лисабон за Светскиот ден на млади како еден од симболите – заедно со крстот на ходочасниците – стои во соопштението од Канцларијата за печат при Светиот Престол.

Пред да замине за Португалија, папата Фрањо престојуваше во базиликата за да го довери на Богородица своето 42. Апостолско патување, какои и сите млади кои ќе учествуваат на Светскиот ден на млади.

Во понеделник наутро, на 7 август – по 110-ти пат од почетокот на неговиот понтификат – тој повторно се врати за да ѝ се заблагодари на Богородица за успешното ходочастие на португалска почва каде учествуваа повеќе од 1,5 милиони млади луѓе од сите краишта на светот.

По завршувањето на молитвата во базиликата Света Марија Велика Папата се врати во Ватикан.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот