Португалските власти го испратија Папата по Светскиот ден на младите

Португалските власти го испратија Папата по Светскиот ден на младите

Претседателот на Република Португалија, политичка и црковна делегација на аеродромот во Лисабон му се заблагодарија на папата Фрањо за посетата и му посакаа среќно враќање во Рим.

Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуса заедно со политичка и црковна делегација беше на проштална церемонија во неделата вечерта, 6 август 2023 година, на аеродромот Фиго Мадуро во Лисабон за да му оддаде почит и да му се заблагодари на Светиот Отец на крајот од неговата 42-ра Меѓународна апостолска посета за Светскиот ден на младите во 2023 година.

Папата Фрањо ја заврши интензивната петдневна посета која го однесе и во Фатима, светилиштето на Пресвета Богородица, каде во сабота, 5 август, се помоли за мир во светот.

Настаните на последниот ден од Светскиот ден на младите 2023 година опфатија свечена света Литургија на која присуствуваа повеќе од 1,5 милион млади луѓе и објавување дека градот Сеул, Јужна Кореја, е место каде ќе се одржи следниот Светски ден на млади во 2027 година.

Пред неговото заминување, Папата им се заблагодари на десетиците илјади волонтери кои напорно работеа за да го организираат Светскиот ден на млади во Лисабон.

Португалскиот авион Ербас ТАП Ер Португалија со кој патува Светиот Отец пристигна во Рим кратко по 22.00 часот по локално време.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот