Папата се моли за сите погодени од катастрофалните природни катастрофи во Словенија и Грузија

Папата се моли за сите погодени од катастрофалните природни катастрофи во Словенија и Грузија

На крајот од редовната Генерална аудиенција, во среда, на 9 август 2023 година, Папата ги вети своите молитви за жртвите од лизгањето на земјиштето во северна Грузија и екстремните поплави во словенечките градови кои предизвикаа смрт, исчезнати лица и материјално уништување: „Ја изразувам мојата духовна близина со нивните семејства и со сите кои страдаат од овие природни катастрофи“.

Папата Фрањо ја изрази својата близина со жртвите од катастрофалните природни катастрофи во Словенија и Грузија.

За време на неговото обраќање до присутните кои зборуваат италијански, на крајот од Генералната аудиенција во салата Павле VI во Ватикан, Папата потсети дека во последните денови се случија драматични природни феномени во Словенија и Грузија, кои предизвикаа смрт и материјално уништување. Рече дека се моли за жртвите:

Се молам за жртвите и ја изразувам мојата духовна близина со нивните семејства и со сите оние кои страдаат од овие катастрофи.

Папата им се заблагодари на оние кои помагаат, посебно на волонтерите.

Свлечиште во Грузија

Веќе на завршната света Литургија и по молитвата Ангел Господов на Светскиот ден на младите во Лисабон минатата недела, 6 август, Папата вети дека ќе се моли за жртвите од трагичното лизгање на земјиштето што се случи минатиот четврток во областа Раче во Грузија. Одронот се случил во одморалиште во планината Шови, на околу 140 километри северозападно од Тбилиси. Потврдени се најмалку 18 смртни случаи, додека уште 16 лица се водат како исчезнати, меѓу кои и деца. Во спасувачките акции учествуваа повеќе од 400 пожарникари, полицајци и волонтери.

Поплави во Словенија

Словенија за време на викендот беше погодена од рекордни врнежи. Обилните врнежи дожд предизвикаа смрт и штета проценета на повеќе од 500 милиони евра. Отсечени се патишта и мостови, многу згради се поплавени, оставајќи десетици илјади домови без струја, тоа е една од најлошите природни катастрофи во оваа централноевропска земја.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Uncategorized

За авторот