Папата Фрањо: Нашата вера може сѐ

Црквата е полна со „уморни христијани“, делумно уверени. Напротив верата може сѐ и го победува светот, но треба храбро да се довереме на Бог – рече папата Фрањо во проповедта на светата Литургија на 10 јануари во капелата на домот Света Марта.

Во проповедта Светиот Отец го коментираше делот од Првото Послание на светиот апостол Иван, во кој апостолот Иван упорно ја истакнува карактеристиката на христијанскиот живот: „остани во Господ“, за да можеме да го љубиме Бог и ближниот. Ова „останување“ во Божјата љубов е дело на Светиот Дух и нашата вера и има конкретно дејство – истакна Папата.

Кој е во Бог и од Бог; кој останува во љубовта го победува светот, а го победува нашата вера. Од наша страна е верата, од Божја страна – заради она „остани“ – е Светиот Дух кој прави милосен зафат. Од наша страна е цврстата вера, а таа е победа над светот. Нашата вера може сѐ. Таа победува. Би било убаво тоа да си го повторуваме, затоа што често сме „поразени христијани“. Црквата е полна со „победени христијани“ кои не веруваат во тоа дека верата е победа и кои не ја живеат верата; затоа што ако верата не се живее, следува пораз и светот победува; Кнезот на овој свет – објасни папата Фрањо.

Исус ја пофали верата на жената која крварела, Хананејка или слепородениот, а зборувал дека оној кој има вера како синапово зрно, може да преместува планини. Таа вера од нас бара две работи: исповедување и доверба. Пред сѐ исповедување – рече Светиот Отец.

Верата е признавање на Бог кој ни се објави, од времето на нашите татковци сѐ до сега; признавање на Бог во историјата. Тоа е она што секој ден го исповедуваме во Верувањето. Едно е искрена молитва „Верување“, а друга е папагалска, зар не? Верувам, верувам во Бог, верувам во Исус Христос, верувам… А верувам ли во тоа што го зборувам? Ја исповедувам ли верата или тоа го зборувам на памет, затоа што така треба да зборувам? Или пак делумно верувам? – праша Папата и продолжи:

Верата треба да ја исповедувам целосно, а не делумно! Верата треба да ја чуваме онаква каква што сме ја примиле, по преданието, целосно! А како можам да знам дали добро ја исповедам својата вера? Има еден знак: оној кој добро и целосно ја исповеда верата, способен е да му се поклонува на Бог – рече папата Фрањо.

Знам како да побарам нешто од Бог, како да Му заблагодарам на Бог – продолжи Папата – но поклонување и славење на Бог е нешто повеќе. Единствено оној кој има вера може да се поклонува на Бог. Во поглед на тоа се осудувам да кажам дека во Црквата „термометарот“ е малку ниско: слаба е способноста за поклонување на Бог, не сме способни искрено да се поклониме на Бог, иако некои сѐ… Тоа е затоа што не сме уверение во она што го исповедуваме или сме уверени делумно. Пред сѐ треба да имаме цврста вера и да ја чуваме, а поради тоа и да се довериме во Бог.

Ако маж или жена веруваат тогаш се доверуваат во Господ. Свети Павле, во мрачните моменти од својот живот, зборува: „Знам кому сум поверувал“. – Бог, Господ Исус. Довербата ни влева надеж, исто како што вистинската вера поттикнува на поклонување и славење на Бог. Доверба во Бог нѐ прави луѓе на надежта – рече Папата.

Има многу христијани со слаба и разводнета надеж. Зошто? Затоа што немаат сила и храбост да се доверат на Господ. Ако како христијани, исповедувајќи ја и чувајќи ја верата веруваме и ако се доверуваме на Бог, ќе бидеме победоносни христијани. А ова е победата над светот: нашата вера – заврши папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Категорија: Uncategorized, Ватикан

За авторот