Tag "Монголија"
Генерална аудиенција: Бев во срцето на Азија и тоа беше добро за мене
За време на Генерална аудиенција во среда, 6 септември, на плоштадот Свети Петар Папата Фрањо се наврати на своето завршено Апостолско патување во Монголија, велејќи дека е во срцето на Азија и дека тоа е добро за него, и посочи дека Бог бара едноставни срца кои го сакаат и тоа без да покажуваат
Папата Фрањо во разговор со новинарите во авионот предупреди за идеологиите во Црквата и светот
Папата Фрањо во разговор со новинарите во авионот на враќање од Монголија зборуваше за Синодата, објаснувајќи дека не станува збор за телевизиска програма, ниту парламентарно собрание. Го објасни и значењето на неговите зборови упатени до младите Руси, повторно нагласувајќи дека се повик да не го заборават нивното големо културно наследство.
Папата Фрањо ја заврши Апостолската посета во Монголија
Папата Фрањо замина од Улан Батор со папскиот авион за Рим во 6:03 часот на 4 септември и треба да слета на аеродромот Фиумичино во Рим околу 17.00 часот по локално време.
Папата во Монголија: Христијанската вера е одговор на жедта за љубов
Во својата проповед за време на неделната света Литургија на 3 септември во главниот град на Монголија, Улан Батор, папата Фрањо размислуваше за жедта во секое човечко суштество и љубовта што ја гаси таа жед во исто време.
Папата во Монголија: Религиите во служба на доброто; нека негуваат дијалог, хармонија, надеж
На екуменската и меѓурелигиската средба во Улан Батор, папата Фрањо ги охрабри религиите да бидат пример за дијалог и алтруизам во ова време „растргнато од конфликти и раздор“ и да го понудат она во што веруваат, почитувајќи ја совеста на другите, а со цел за најголемо добро за сите. Тој, исто така, предупреди дека фундаментализмот и идеолошкото принудување го компромитираат мирот.
Папата: Му посакувам се најдобро на благородниот кинески народ
Светиот Отец го поздрави кинескиот народ на крајот од светата Литургија која ја служеше во главниот град на Монголија, Улан Батор и ги повика кинеските католици да бидат добри христијани и добри граѓани.
Папата во Монголија: Црквата треба постојано да го навестува Исус
Вториот јавен говор Светиот Отец го одржа во сабота на 2 септември во катедралата Свети Петар и Павле во Улан Батор и потсети дека Исус е радосната вест што Црквата треба да им ја навести на сите народи
Папата во Монголија: Средба со граѓанските власти и дипломатскиот кор
Во својот прв јавен говор во Улан Батор за време на средбата со властите и дипломатскиот кор во Државната палата, на кој му претходеше церемонија за добредојде во подножјето на статуата на Џингис Кан, Папата ја охрабри азиската земја да одигра важна улога за стабилноста во светот и ја пофали нејзината грижа за животната средина и решителноста да се запре ширењето на нуклеарното оружје. Тој ги повика религиите да преземат мерки против корупцијата, која „осиромашува цели земји“.
Папата Фрањо пристигна во Монголија
Во петок 1 септември 2023 година во 9.51 часот (по локално време) 86-годишниот поглавар на Католичката црква како што беше предвидено слета во петокот на аеродромот Џингис Кан во главниот град на Монголија Улан Батор. За време на летот папата Фрањо им рече на новинарите кои патуваа со него дека е важно со сетилата да се разбере големата тишина на Монголија. Ова е 43-то Апостолско патување на папата Фрањо и воедно е првиот Папа кој ја посети Монголија.
Папата го довери на Богородица патувањето во Монголија
Како што е обичај од почетокот на неговиот понтификат, папата Фрањо пред да замине на 43. Апостолско патување во странство појде на молитва пред иконата на Богородица Salus Populi Romani во римската базилика Света Марија Велика. Тој попладнево го започнува патувањето за Улан Батор.