Папата во Монголија: Христијанската вера е одговор на жедта за љубов

Папата во Монголија: Христијанската вера е одговор на жедта за љубов

Во својата проповед за време на неделната света Литургија на 3 септември во главниот град на Монголија, Улан Батор, папата Фрањо размислуваше за жедта во секое човечко суштество и љубовта што ја гаси таа жед во исто време.

Монголија, огромна земја, земја богата со историја и култура, но и обележана со суша во степите и пустините – соодветна метафора на жедта за среќа и љубов која лежи во срцето на секое човечко битие.

Во својата проповед за време на светата Литургија во недела 3 септември во Степа арената во главниот град Улан Батор, папата Фрањо се задржа на оваа метафора за жедта во нас и љубовта што ја гаси таа жед, црпејќи вдахновение од псалмот: „Боже, Боже мој, кон Тебе поранувам; за Тебе зажедне душата моја. Колку пати за Тебе копнее телото мое на замјата пуста, неплодна и безводна“? (Псалм 62,1).

Само Христос може да ја задоволи жедта на нашите души

Овој стих прво нè повикува да ја препознаеме жедта што живее во нас. Псалмистот му го упатува на Бога крикот на неговата жед, бидејќи неговиот живот е како пустина. Неговите зборови имаат посебен оддек во земја како Монголија, со нејзината традиционална номадска култура, објасни Папата и додаде: „Сите ние сме Божји номади, ходочасници во потрага по среќа, патници жедни за љубов“.

„Драги браќа и сестри“, продолжи папата Фрањо, „христијанската вера одговара на таа жед… Затоа што во таа жед се крие нашата голема тајна: таа нè отвора кон живиот Бог, Богот на љубовта кој доаѓа да нè пресретне за да нѐ направи негови деца и браќа меѓу себе“.

Светиот Отец потоа истакна: „Ова е содржината на христијанската вера: Бог, кој е љубов, ни се приближува во својот Син Исус, сака да го сподели животот со нас, преку нашите напори, нашите соништа, нашата жед за среќа.“

Ако понекогаш во животот „доживееме пустина, осаменост, умор и неплодност“, речем Римскиот бискуп, цитирајќи го свети Августин, Бог нè поросува „со росата на своето Слово… Бог ни се смилува и ни отвори пат во пустината, а тој пат е нашиот Господ Исус Христос“. Бог ни нуди утеха во проповедниците на неговото Слово. Тој ни понуди вода во пустината, исполнувајќи ги своите проповедници со Светиот Дух“.

Срцето на нашата вера

Тоа Слово, нагласи папата Фрањо, „секогаш нè враќа на суштината на верата, а тоа е да дозволиме Бог да нè љуби, како нашиот живот би станал принос на љубов. Затоа што само љубовта навистина ја гаси нашата жед“.

Осврнувајќи се на Евангелието, кое зборува за апостол Петар кој не го прифаќа фактот дека Исус ќе биде обвинет од водачите на народот, дека ќе страда и потоа ќе умре на крстот, Папата рече дека световноста за која Петар е пример“ не води кон ништо добро; напротив, остава зад себе поголема пустош од порано“. Само со откажување од себе и земање на крстовите, како што направи Исус, ќе можеме да ја задоволиме жедта во нашите животи, нагласи Римскиот бискуп.

Ова, рече Папата, „е вистината која Исус не повикува да ја откриеме, вистината што Исус сака да ви ја открие на сите вас, во оваа земја Монголија: „Не мора да бидете големи, богати или моќни за да бидете среќни. Само љубовта ја гаси жедта на нашето срце, само љубовта ги лекува раните, само љубовта ни дава вистинска радост. И тоа е патот што Исус нè научи и го отвори за нас“.

Папата Фрањо ги повика сите да ги земат при срце зборовите што Господ му ги упати на апостол Петар, да станеме Исусови ученици, да одиме по неговите стапки и да престанеме да размислуваме световно.

„Ако го правиме тоа“, заклучи Светиот Отец, „тогаш со Христовата благодат и Светиот Дух ќе можеме да чекориме по патот на љубовта… кога ќе ги загубиме нашите животи за Евангелието, Господ ни дава во изобилство, живот полн со љубов и радост, за вечни векови“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот