Мајска Набожност се служеше во капелата на Света Мајка Тереза

Мајска Набожност се служеше во капелата на Света Мајка Тереза

Покрај парохиската црква свети пророк Илија во Радово омилени места за молитва се и двете капели, посветени на Марија од Назарет и Мајка Тереза.

„Ако минатата година велевме дека е последна Мајска набожност во капелата која е посветена на Мајка Тереза – Блажена, ете оваа година, служиме во капелата на Света Мајка Тереза, беа најизустените зборови пред и после саботната Мајска набожност (сабота 20 мај 2017)“.5999

Парохот д-р Зоран И. Стојанов, кој го предводеше Молебенот во чест на Пречиста Дева Марија, нагласи дека: „Мајка Тереза, е пример на жена која секогаш плени. Таа зборовите Христови: ‘Возљуби го својот ближен како себеси!’ ги сфатила и применувала доследно, затоа и е Голема и Света…“ Отец Зоран повика на љубов кон себе самите, кон ближниот, односно кон своите родители, деца, брачен другар, браќа, сестри, роднини… „тогаш нашата љубов ќе биде целосна и кон Господ Бог, а и нашите молби и прозби кон нашата Небесна Мајка искрени и мили…“

Мајската набожност е омилена молитва во Радово затоа бројни се верниците кои секој ден доаѓаат на заедничката молитва во парохиската црква свети пророк Илија.

Наталија Стојанова/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот