Сирискиот патријарх Грегорис: Набавката на оружје не им помага на луѓето во Сирија

Минхен, 12.4.2013 /к.мк/ – Католичкиот мелкитски патријарх Антоније Грегорис III Лахам остро ја критикуваше испораката на оружје во Сирија. „Набавката на оружје не им помага на луѓето во Сирија. Ситуацијата на целото население е тешка. Луѓето стануваат жртви на нередите на војната без лице. Никој не знае од каде произлегуваат нападите”, истакна за минхенското „Црковно Радио” патријархот чие епископско седиште е во Дамаск. Конфликтот не е војна меѓу христијаните и муслиманите. Иако доаѓало и до спорадични напади врз христијаните, сепак христијаните не се мета на напади на опозицијата.

Меѓутоа присутни се обидите христијаните да се злоупотребуваат за одредени политички интереси, изјави Грегориус III. Многу христијани во градовите како што е Хомс ги напуштија своите домови. Причина за тоа се условите кои владеат таму, рече патријархот, истакнувајќи дека „црквите се опустошени и разорени во борбите меѓу владата и бунтовниците. Животот во сирискиот главен град Дамаск, и покрај борбите, воглавно е нормален. Училиштата и продавниците се отворени, а луѓето веќе се навикнаа на експлозиите.”

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<