Апостолскиот нунциј Пекорари одликуван од бугарскиот претседател со државна награда

Апостолскиот нунциј Пекорари одликуван од бугарскиот претседател со државна награда

На 30 декември 2021 година, Апостолскиот нунциј за Македонија и Бугарија монс. Анселмо Гвидо Пекорари ја доби од претседателот на Република Бугарија Румен Радев високата државна награда „Мадарски коњаник“ од прв степен.

На свеченоста одржана во претседателската резиденција, Апостослиот нунциј е одликуван за неговиот посебен придонес во развојот на билатералните односи меѓу Бугарија и Светиот Престол.

Ми претставува голема чест да ви ја врачам високата бугарска државна награда „Мадарски коњаник“ од прв степен во знак на благодарност и почит за вашата работа како апостолски нунциј на Светиот Престол во Софија – рече бухарскиот претседател Радев. Тој го истакна придонесот на Апостолскиот нунциј за развојот на односите меѓу Светиот Престол и Република Бугарија, која посебно беше видлива со посетата на папата Фрањо на Бугарија во 2019 година,

Монсињор Пекорари, кој служие во дипломатската служба на Светиот Престол над 40 години, беше именуван за Апостолски нунциј во Македонија и Бугарија од страна на папата Фрањо во 2014 година. За време на неговата склужба, папата Фрањо ги посети Бугарија и Македонија во мај 2019 година.

к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот