Вартоломеј I: Лидерството на папата Фрањо е исклучително

„Во многу православни Цркви и средини постои еден конзервативен дел кој реагира на современите предизвици на епохата, затворајќи се во едно задушување (…).Ова го истакна Вселенскиот и Цариградскиот патријарх Вартоломеј I во долго интервју за списанието на Исусовците во Италија „Чивилта католика“.

Пред директорот на магазинот, отец Антонио Спадаро, Вартолмеј изјави: „Благодарен сум на Исусовците, зашто сум се образувал на Папскиот Источен Институт“. Исто така зборува за „исклучителното лидерство“ на папата Фрањо, нарекувајќи го „ѓакон во служба на општењето“.

Во однос на горливата тема за приматот на папата, кој е една од главните теми во дијалогот меѓу Католичката и Православната цркви, Вартоломеј тврди: „Секој пат кога меѓу православните се дискутира приматот, веднаш се мисли за папската власт, особено за злоупотребите во средниот век; и секој пат кога католиците разговараат за колегијалноста, веднаш се чувствува страв дека се влијае врз власта на Папата или дури дека не се почитува. Затоа, потребно е време за да се усредоточат вистинските немири и намери на секого“.

„Многу е важно – објаснува патријархот Вартоломеј – начинот на однесување на православното лидерство, дали навистина е автентичен модел за колегијалност или е повод или алиби за национално или институционално ривалство. Автентичното лидерство неизбежно ќе ја утврди вистинската и убедливата суштина на нашата критична визија за служењето на папата“.

„Истовремено, остварувањето на папското служење со смиреност и сочувство, наместо со наметнување над епископски колегиум, неизбежно ќе биде дефинитивно како одраз на Христовата љубов од Крстот, отколку како земна власт – дополнува патријархот Вартоломеј. Синодалността има потреба од „прв“, од протос: оној кој ја поседува харизмата на ѓакон во служење на општењето. Протос е оној кој бара консензус на сите. Токму во тоа чувствуваме навистина дека нашиот брат Фрањо манифестира исклучително лидерство“.

„Уште од почетокот на понтификатот на Фрањо почувствувавме дека кај него има нешто особено: целокупност, спонтаност, топлина. Ова е причината за да учествувам на литургијата на неговата интронизацијата во март 2013; ова беше прво учество на Цариградскиот архиепископ по таков повод во Римската црква“.

Покрај црковни теми, патријархот Варлотомеј зборува за големите предизвици на сегашноста и придонесот на христијаните за иднината на планетата: се менуваат и климатските промени до социјалната неправда и фундаментализмот. Според него, религијата има „фундаментална улога за социјалната и институционална мобилизација“.

„Велигден“ и силата на Христовото воскресение се извор на оптимизам и реализам“, завршува Вселенскиот патријарх и затоа вистинската молитва не треба да биде едно „утешно чувство на самозадоволство, туку обид за помирување со целото човештво и Божјото создание“.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот