Австралија е погодена од суша

Австралија е погодена од суша

Државниот хидрометеоролошки завод во Австралија оцени дека станува збор за една од најголемите суши во последните 100 години

Католичката црква во Австралија го прогласи месец ноември за молитва за жртвите од голема суша и молитва за дожд. Во соопштението објавено во среда 23 отомври 2019 година епископите истакнуваат дека верските, каритативните и државните организации даваат важна помош. Но, во католички контекст молитвата има важна улога во соочувањето со тој предизвик, рече бискупот Колумбо Кабет Грин, чија што бискупија Виланција – Форбес е посебно погодена од последиците на долготрајната суша. Во периодот на суша како оваа низ која поминуваме би требало да молиме за дожд како дар Божји кој има сила да ја изгаси жедта на исушената земја и да даде надеж на бројните обесхрабрени луѓе – рече бискупот.

Од почетокто на 2017 година безенот Муреј – Дарлинг и северот Нов Јужен Велс, Квинсланд и австралискиот југ страдаат од последиците на голема суша, посебно од пожари. Бискупијата Виланција – Форбес е посебно погодена. Оваа бискупија опфаќа и дел од најголемиот австралиски речен слив Муреј – Дарлинг, воедно и најплоден регион на југоистокот од контиентот. Не се погодени само земјделците, туку и градовите, на кои им се заканува недостаток од вода.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот