Сочувство на Папата по повод смртта на кардинал Тетаманци

Сочувство на Папата по повод смртта на кардинал Тетаманци

По повод смртта на кардинал Диониџи Тетаманци, папата Фрањо во телеграма со сочувство напиша за драгиот кардинал, миланскиот надбискуп од 2002-2011 година, кој после долго боледување на 5 август почина во Бријанца во 84 година од животот. Него, еден од најважните синови меѓу најмилите пастири го паметиме со благодарност поради неговото важно културно и пасторално делување.

Неговиот живот, кој папата Фрањо го нарече радосно сведочење на Евангелието, беше плоден. При тоа Папата спомена за долгото негово послушно служење во Црквата, започнувајќи со службите кои ги имал како свештеник во миланската надбискупија, потоа како бискуп во Анкона и Осим, како секретар на Италијанската епископска конференција, надбискуп на Џенова, а потоа и во саканата миланска надбискупија, и на крајот како апостолски администратор на Виџевано.

Папата посебно ја истакна неговата пастирска грижа, во која потполно се посветува за потребите и доброто на свештениците и сите верници, и ја издвои неговата посебна внимателност на теми поврзани со семејствата, бракот и биоетиката, во што тој посебно бешее стручен.

Светиот Отец на крајот од телеграмата истакнува дека ја воздигнува својата молитва до Господ да го прими тоа негово служење во вечна радост и мир, со мисли посебно посветени на оние кои со љубов му помагаа за време на болеста.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот