Папата Лав XIV во Буенос Аирес се сретна со пет лица кои претрпеле злоупотреба од членови на свештенството и црковни институции во Аргентина, при што ја изрази својата блискост и заложба за зајакнување на заштитата и придружбата на жртвите во Црквата.
Средбата се одржа во понеделник попладне, 9 ноември, и траеше повеќе од еден час, соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Папата разговараше поединечно со секој од петтемина присутни и ги сослуша нивните сведоштва за болните искуства низ кои поминале.
„Папата разговараше поединечно со секој од нив, ги сослуша нивните зборови и болните приказни за нивните искуства, како и нивните предлози за зајакнување на патиштата кон исцелување во рамките на Црквата“, беше наведено во соопштението.
Светиот Отец ги сослуша и нивните предлози за подобрување на начинот на кој Црквата им пристапува на жртвите и за создавање посигурни механизми за нивна заштита и поддршка.
Преку присутните, папата Лав XIV ја упати својата порака и до другите жртви со кои немаше можност лично да се сретне.
„Папата ја изрази својата блискост и желба да ги зајакне патиштата на заштита, добрина, прифаќање и придружба во рамките на Црквата“, соопшти Светиот Престол.
Средбата беше организирана со посредство на локалната Црква во Аргентина и се одржа пред посетата на Папата на Папскиот католички универзитет во Аргентина, каде подоцна се сретна со претставници на социјалните движења и светот на трудот.
На крајот од средбата, Светиот Отец им го упати својот апостолски благослов и им се заблагодари за нивното сведоштво, довербата и подготвеноста да ги споделат своите искуства.
Ватикан њуз/к.мк

