Полнината на хуманизмот се наоѓа во христијанството

Полнината на хуманизмот се наоѓа во христијанството – рече надбикускопот во мирување на Фиренца кардинал Силвано Пиованели истакнувајќи дека хуманизмот го има својот културен центар во Фиренца градот кој како што рече и денес може да ја има улогата на поврзување на човечкото и божественото, лаичкото и христијанското.

Во разговор за Радио Ватикан во пресрет на посетата на Папата на Прато и Фиренца кардиналот нагласи дека гласот на Светиот Отец сигурно ќе одекне и ќе има позитивно влијание на граѓаните.

Коментирајќи ја христијанската заедница во Фиренца надбискупот призна дека лаицизмот е силно присутен и дека заедницата бројно е намалена. Меѓутоа – како што истакна – не е бројот она што е важно, туку духот. Во таа смисла потсети на првите христијани кои во градовите правеле мали групи кои биле светлина во сите средини. Се надевам дека така ќе биде и денес: тоа не е прашање на бројка, туку работа на духот и личното залагање – рече кардинал Пиованели.

Освнувајќи се на фиренската хуманистичка историја рече дека полнината на хуманизмот се наоѓа во христијанството. Заради тоа целосно совршен човек е токму Господ Исус. Тој е идеал на човек кој треба да го имаме пред очи и од Кој треба да се вдахнуваме. Така човечкиот пат нема да биде само пат на вистината и љубовта, туку одење во надежта и дарувањето на самиот себе за ближниот – нагласи кардинал.

Со оглед на претстојниот Јубилеј на милосрдието надбискупот спомна дека во Фиренца во 1244 година е основано здружение на „Милосрдието“ во кое христијаните им служеле на другите. Најпрво се работело само за погребување на покојните, но потоа на тоа е додадено водење на оние во потреба во болница, потоа домашни работи како и други активности. Тоа е основано во 13 век, но и понатаму постои. Верувам дека здружението Милосрдие треба да посведочи дека во Фиренца како и во секој град треба да престојува крепоста на милосрдието, да не се потчинуваат другите за да им се служи во нивните потреби – рече кардинал Пиованели.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот