Солидарност со виетнамските верници среде сериозната здравствена состојба во земјата

Солидарност со виетнамските верници среде сериозната здравствена состојба во земјата

Во Виетнам среде сериозната состојба заради појавувањето на четвртиот бран на пандемија голем број волонтери – меѓу нив монаси, му помагаат на здравствениот персонал во преполните болници.

Жариштето на пандемијата е во најголемиот град во земјата – Хо Чи Минх Сити, во кој на 9 јули стапи на сила двенеделно затворање. Претседателот на Епископската конференција на Виетнам надбискупот монс. Јосеф Нгујен Чи Линх упати итен повик на солидарност, предупредувајќи на сериозните последници кои новите ограничувања ги имаат за најсиромашните припадници на општеството.

Виетнам се соочува со недостаток на персонал, храна, средства, лекови, па дури и иднина, предупреди тој Заради тоа ги повика Витнамците во земјата и дијаспората на солидарност, обраќајќи се посебно на вернциите и добротворните организации, поттикнувајќи ги бискупиите и Каритас на собирање донации.

Покрај тоа надбискупот ги поттикна вернциите да се молат и го доверат својот народ на свети Јосиф, вклучувајќи ги наканите за брзо закрепнување на папата Фрањо после операцијата.

По апелот од епископската конференција за неколку дена собрани се речиси 174.000 долари.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот