Средба на Комисијата за католичко- православен дијалог

Средба на Комисијата за католичко- православен дијалог

Од 5 до 9 септември 2017 година на грчкиот остров Лерос ќе се одржи средба на Координацискиот одбор на Мешовитата меѓународна комисија за теолошки дијалог помеѓу Католичката и Православните Цркви. Со средбата ќе претстдава кардинал Курт Кох, претседател на Папскиот совер за промовирање на единство на христијаните и архиепископот Јов Геча, претставник на Цариградскиот екуменски патријархат.

Откако во септември минатата година е објавен заедничкиот докумнет „Кон заедничко разбирање на синодалноста и приматот во првото илјадалетие, во служба на единство на Црквата’, Кординацискиот одбо има задача да ги испланира идните чекори на католичко – православниот теолошки дијалог.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот