Потпишан договор со кој забранува користење нуклеарно оружје

Потпишан договор со кој забранува користење нуклеарно оружје

Обединетите нации официјално го прифатија првиот документ во историјата со кој се забранува користење на нуклеарно оружје.

Договорот го потпишаа 122 држави членки, меѓутоа нуклеарните сили, како САД и членки на Нато сојузот, не учествуваат во гласањето, оценувајќи ги целите на документот наивни и недостижни, со оглед на неодамнешните Севернокорејски воени експерименти.

Надбискупот Силвано Марија Томази, ополомоштен секретар на Дикастеријата за промовирање на интегрален човечки развој, го оцени потпишувањето на овој договор за важен чекор во напорите за мир. Тоа е резултат на повеќегодишни настојувања во кои учествуваше и Светиот Престол, посебно по средбата во Виена во 2014 година и пораката на папата Фрањо, каде се нагласи дека не е разумно да се дозволува безбедноста да зависи од поседувањето на нуклеарно оружје.

Документот се смета за идеалистички – истакна надбискупот – меѓутоа, употребата на секакво оружје за масовно уништување е регулирано, односно забрането на сличен начин: хемиското и биолошкото оружје, мини и касетни бомби – сите се забранети со меѓународни конвенции. Единствено во поглед на нуклеарното оружје постоеше правна празнина, а тоа е уште поштетно од горенаведените. Така – рече надбискупот Томази – се „отвора патот за создавање на менталитет кој би можел да доведе до свест дека безбедноста на една држава не е во поседувањето на бомби, туку во фактот дека никој ја нема.“

Исто така истакна дека Светиот Престол се противи на принципот за поседување на нуклеарно оружје каков што беше прифатен во текот на студената војна, затоа што околностите се променети. И покрај бројните договори, некои држави си додале нуклеарно оружје во воените арсенали, како Пакистан, Индија, Израел и сега Северна Кореја. Затоа – истакнува надбискупот – ова меѓусебна смртоносна закана не е патот по кој човештвото треба да оди, туку напротив, треба да тежнее за соработка, во потраг за траен дијалог по пат на ефикасни меѓународни структури. Гарант за безбедноста е дијалогот, а не силата – рече на крајот надбискупот Томази.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот