Папата моли за мир во Ирак: Треба да се слушне крикот на Ирак и да се пронајде решение

Папата моли за мир во Ирак: Треба да се слушне крикот на Ирак и да се пронајде решение

На крајот од Генералната аудиенција во среда 30 октомври 2019 година папата Фрањо молеше за мир во Ирак, каде неколку недели се протестира против корупцијата и невработеноста, при што има многу загинати и ранети.

Папата побара достоен и мирен живот, дијалог, помирување и праведни решенија како би се дојдело до мир и стабилност во целиот Ирак. Светиот Отец мисли на таа сакана земја во која има протести против корупцијата и големата невработеност, кои траат од почетокот на октомври, а предизвикаа и бројни мртви и ранети. Додека искажувам сочуство заради жртвите и близина со нивните семејства и ранети, ги повикувам властите да го послушаат крикот на населението кое бара достоен и мирен живот. Ги повикува сите Ирачани со помош на меѓународната заедница, да појдат по патот на дијалог, помирување, и да побараат праведни решнија за предизвиците и проблемите во таа земја. Се молам тој измачен народ да пронајде мир и стабилност, после многуте години војна и насилство од кои многумина страдаат – рече Папата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот