Помен од смртта на о. Јоаким Дудаш

Во недела на 24 април 2016 година во црквите „Успение на Пресвета Богородица” во Нова Маала и „Свети великомаченик Георги” во Чанаклија, се служеше панахида по повод половина година од смртта на о. Јоаким Дудаш, поранешен парох во истоимените парохии.

На молитвата присуствува голем број верници, кои достоинствено му се заблагодарија за сиот труд што го вложи за духовно збогатување на верниците од тие две места.

Отец Јоаким Дудаш е роден на 27.февруари 1948 година, а во вечноста се пресели на 31 октомври 2015 година.

Вечнаја памјат, оче Јоакиме!

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот