Молитвено – духовна средба кај Сестрите Евхаристинки во Радово

Молитвено – духовна средба кај Сестрите Евхаристинки во Радово

По повод 162 години од раѓањето на отец Јосиф Алоати основач на Општеството на Сестрите Евхаристинки, во саботата на 20 јули 2019 година, во вечерните часови во дворот на Евхаристискиот дом на Сестрите Евхаристинки во Радово се одржа молитвено- духовна средба.

На почетокот на средбата с. Мартина Стојкова ги поздрави присутните, и ги запозна со животот и делото на основачите на Општеството на Сестрите Евхаристинки отец Јосиф и сестра Еврозија Алоати.

По обраќањето на с. Мартина, средбата продолжи со молитва. На крајот беше прикажана драма во која беше претставен животот на основачите на Општеството на Сестрите Евхаристинки отец Јосиф и сестра Еврозија Алоати. Драмата беше реализирана под водство на Стефанија Јовановиќ кандидатка на Сестрите Евхаристинки, а учествуваа млади од повеќе парохии од Струмичко-скопската епархија.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот