Во Радово благословени капелите посветени на Марија од Назарет и блажена Мајка Тереза

Во присуство на огромно мноштво верници од парохијата „Свети пророк Илија“ – Радово на 5 октомври Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија ги благослови крстовите и ново изградените капели во Радово, кои се посветени на Марија од Назарет и блажена Мајка Тереза. На благословот присуствуваа свештеници и верници и од други парохии од Апостолскиот егзархат во Македонија.

Обредот започна со процесија, која минуваше низ целото село и при тоа се пееја духовни песни и се молеше Света Бројаница. По благословот на капелите во парохиската црква следуваше Света Литургија и Молебен до Пресвета Богородица.

Овој несекојдневен настан е во рамките на одбележувањето на Јубилејот 100 години Радово.

Категорија: Македонија

За авторот