‘Летен камп’: Заедништво, учество, послание

‘Летен камп’: Заедништво, учество, послание

Во вторник 22 август 2023 година во просториите на парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица се одржа ‘Летен камп’ за млади на тема: „Заедништво, учество, послание“, на кој учествуваа млади од парохијата.

Средбата започна во попладневните часови, на која најпрво отец Гоце Костов ги потсети младите на општествениот и културен контекст на живеење на верата и предизвиците со кои се соочуваат младите, а потоа проследија документарно истражувачки филм за кој подоцна отворено дискутираа. На средбата стана збор и за идните активности на младите во парохијата.

Средбата продолжи во молитвено заедништво во парохиската црква со Света Бројаница и Света божествена Литургија, а потоа во дворот следуваше дружење и агапе.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот