Во Нова Маала се одржа предавање за Парохиски Каритас

Во недела 21 јуни 2015 година во  парохиската сала во Нова Маала богословот Спасе Спасов,координатор во Македонски Каритас одржа предавање на тема: Парохиски Каритас: потреба и предизвик.

На почетокот од средбата о. Спасо Ристов, му се заблагодари на координаторот на Македонски Каритас за подготвеноста да биде во парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ – Нова Маала, исто така ги охрабри присутните млади и учесници во веќе успешно реализираните проекти да продолжат со каритативните активности.

Координаторот Спасе Спасов ја образложи потребата од каритативно делување во парохиите, а претставуваше задоволство да се слушне дека младите во Нова Маала веќе направиле доста добри чекори во врска со активностите во парохијата.

Предавањето беше образложено врз основа на црковните документи, искуството од делувањето на Македонски Каритас и актуелната состојба во врска со бегалците-мигранти од Сирија, Авганистан…

Во наговорот на богословот Спасе Спасов Божјото милосрдие имаше првенствено место. По одржаното предавање следуваше дискусија и дружење во парохиската сала.

к.мк

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Македонија

За авторот