Божиќен концерт во Католичката црква во Битола

Божиќен концерт во Католичката црква во Битола

На 26 декември 2.2016 во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ – Битола, се одржа традиционалниот божиќен концерт во организација на истоимената парохија и Заедницата на Хрвати во Република Македонија – Битола.

На овогодинешниот концерт свој настап имаше Младинскиот женски хор КУД „Стив Наумов“ – Битола под диригенство на маестро Љубо Трифуновски. Преку изведба на разни познати дела со божиќна содржина и со својот прекрасен настап, хорот успеа на присутните слушатели да им ја долови божиќната атмосфера. Соло настап во програмата имаа Дарко Кулевски – хармоника и Марија Чакулевска – гитара. Програмата со изведба на пригоден рецитал ја збогати Јелена Петровска.

На крајот од концертот Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх монс. д-р Киро Стојанов изрази срдечна благодарност до организаторите на овој концерт, особено до хорот и диригентот маестро Љубо Трифуновски, на кој му врачи медалјон со ликот на света Мајка Тереза.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот