Папата до жените кои ја напуштија мафијата: Ви благодараме на храброста, продолжете да се борите

Папата до жените кои ја напуштија мафијата: Ви благодараме на храброста, продолжете да се борите

Папата Фрањо прими група жени кои беа придружувани од дон Луиџи Чиоти, основачот на здружението „Слободна“ (Libera). Светиот Отец ги поттикна да останат цврсти со Исус во моментите на страв и загуба, бидејќи неговиот крст му дава смисла на нашиот крст

Во понеделник, 30 октомври 2023 година, папата Фрањо прими во аудиенција група жени кои решија да го променат својот живот и да го напуштат расипаниот контекстот на мафијашкиот криминал во кој се родени и израснати. Дон Луиџи Чиоти ги придружуваше на аудиенцијата.

Ја благословувам вашата одлука и ве охрабрувам да продолжите напред. Претпоставувам дека има моменти на страв, збунетост, тоа е нормално. Во тие моменти помислете на Господ Исус кој оди покрај вас. Не сте сами. Продолжете да се борите.

Совет на Папата

Покрај тоа, Папата ги советуваше секогаш да имаат со себе по еден мал примерок од Евангелието, секој ден во мир да прочитаат еден дел и да си замислат дека се со Исус, меѓу учениците.

Всушност, тоа е и така: Тој секојдневно чекори со нас по патот на животот. Неговиот крст им дава значење на нашите крстови, а неговото воскресение е извор на надеж.

Исусовиот пат води во слобода

Светиот Отец потсети и дека меѓу Исусовите ученици имало и неколку жени, несовршени, како и мажите, уморни од животот или извалкани од зло. Станува збор за жени – објасни тој – кои Христос ги прифати со сочувство и нежност и ги исцели, како Магдалена, и кои заедно со него го поминаа патот на ослободување; токму со него и со другите ученици.

Не се ослободуваме со магија, туку одејќи со Господ – тоа нè ослободува – споделувајќи ги неговите чекори, неговиот пат, кој нужно поминува низ крстот и води до воскресението.

На крајот, на жените кои храбро и решително го напуштија мафијашкиот менталитет, папата Фрањо им ја вети својата молитвена близина, и за нивните најблиски, а посебно за нивните деца.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот