Волонтерска акција во Петралинци

Петралинци, 30.6.2013 /к.мк/ – Кон крајот на месец јуни во парохијата Свети Кирил и Методиј – Петралинци се одржа волонтерска акција на која учествуваа млади волонтери од населеното место. Во акцијата се ископани потребните отвори за одводни сливници кои ќе бидат приклучени на веќе постоечката дренажа.

Со оваа акција, како и другите акции во изминатиот период младите од Петралинци продолжуваат да го даваат својот допринес за уредување на црковниот двор. (го*ко)

Категорија: Македонија

За авторот

Write a Comment

<