Папата им го честита Божиќ на членовите н Римската Курија
Стручност, служење и светост, тие се доблестите со кои треба да се одликува секој кој работи во Римската Курија – истакна папата Фрањо во својот прв говор пред членовите на Римската Курија, со кои на 21 декември размени божиќни честитки. Папата предупреди на опасноста од озборување, затоа што е штетно за човекот, работата и средината и ги поттикна присутните да не бидат „бирократска царина“ која пречи на делувањето на Светиот Дух.
Својот говор Папата го започна заблагодарувајќи им на сите кои секојдневно служат на Црквата, а посебно го поздрав архиепископот Пиетро Паролин, новиот државен секретар, на кои му се – како што рекол – потребни нашите молитви. Додека го очекуваме Божиќ, убаво е едни на други да се заблагодариме – рече папата Фрањо додавајќи:
Чувствувам потреба, како Римски епископ за првиот Божиќ да ви заблагодарам на вас, како работна заедница и на секој посебно. Благодарам на вашата секојдневна служба: на грижата, вниманието, креативноста, на ни малку лесниот труд во канцеларијата да се соработува, во взаемното почитување и слушање, за соочувањето и вреднувањето на различни луѓе и квалитети – рече Светиот Отец.
Посебно се заблагодарувам на оние кои ја завршуваат својата служба и одат во мирување. Добро знаеме дека свештениците и епископите не одат во мирување, туку излегуваат од канцеларијата, да можат повеќе да се посветат на молитвата и грижа за душата, почнувајќи од сопствената. Папата најпосле се заблагодари и на оние кои ненаметливо поминале долги години во Куријата.
Тие заслужуваат восхит. Се восхитувам на многу монсињори кои работеле по примерот на старите примерни лица во Куријата. Тие стручно, точно и предано работат, грижливо ги извршуваат своите секојдневни задачи – истакна Светиот Отец. Гледајќи го нивниот пример и стручност, сакам да ги истакнам вистинските обележја на службениците во Куријатак, исто така и на надредените: стручност и служење.
Професионалност значи способност, студија и ажурирање… Тоа е темелна особина за работа во Куријата. Секако стручноста се обликува, а делумно и се усвојува: но сметам, дека за нејзино стекнување потребно е добар темел – истакна Папата.
Второ обележје е предано служење: служење на Папата и епископите, општата Црква и партикуларната Црква. Во Римската Курија посебно се истакнува двојната димензија на Црквата, навлегување помеѓу општата и партикуларната. Ако недостига стручност, полека се лизга кон просечност. Предметите стануваат спакувани извештаи, а комуникацијата е без животниот квасец, неспособните создаваат големи хоризонти – објасни Папата.
Од друга страна пак, ако Куријата не служи на месната Црква и на епископите, тогаш расте нејзината структура, се претвора во тромава бирократска царина, надзорничка и истражна, и така го спречува делувањето на Светиот Дух и растот на Божјот народ – рече Светиот Отец.
Покрај тие две особини Папата наведел и трета: свет живот. Добро знаеме дека светоста на животот е на прво место на листата на вредности. Светоста всушност е темел на квалитетна работа и служење. Светоста значи да живееш потопен во Духот, да го отвориш срцето за Бог, трајно да молиш и да негуваш братска љубов во односот со колегите.
Значи и апостолат, дискретно и верно пасторално служење, ревно вршење во директен допир со Божјот народ. Светоста е важна за свештениците. А овде би истакнал дека во Римската курија има светци и дека светци постојат. Тоа многу пати јавно сум го кажал заблагодарувајќи на Господ. Светоста во Куријата исто така значи апел на совеста против озборување – истакна Папата.
Секако, ние често ја истакнуваме вредноста на повикот на совеста, но можеби и нас треба да не обврзува повикот на совеста да се чуваме од непишаното правило кое е на сила во нашите средини, односно од озборувањето. Затоа да го применуваме повикот на совеста, затоа што озборувањето го оштетува квалитетот на човекот, работата и средината – рече папата Фрањо.
Папата го заврши говорот предлагајќи го свети Јосиф за пример. Бил тивок и потребен на Богородица. Да размислуваме за него, за неговата грижа за својата Свршеница и за Детето. Тоа многу ни говори за нашето служење на Црквата. Затоа да го живееме овој Божиќ во духот на свети Јосиф – поттикна Папата завршувајќи го говорот.
Навистина се чувствувам носен од молитвите, а ве молам вас и понатаму да ме подржувате со молитвите. И јас ве препорачувам на Господ и ве благословувам, а секому од вас и на вашите сакани ви посакувам среќен Божиќ, полн со светло и мир. Среќен Божиќ – заврши папата Фрањо.
РВ/Д.И.