Интервју со Бенедикт XVI: Прекрасен татковско-братски однос

Мексико и Куба беа одлучувачки: Во март 2012 година папата Беендикт XVI беше во пасторална посета на овие две земји, а напорите од ова патување го доведоа до размислување дека откажувањето од папската служба е неизбежно. Ова го изјави почесниот папа Бенедикт XVI во едно интервју во весникот Ла Република, кое е обајвено во среда 24 август.

„Во тешка ситуација најдобро е да застанеш пред Господ и да бараш како ќе продолжиш по патот на верата“, истакнува почесниот Папа. Секако дека тој сакаше да продолжи со својата служба и да го заврши циклусот енциклики, кој го започне со енцикликата „Бог е љубов“. „Но за 2013 година имаше предвидено толку многу работи, кои не би можел да ги издржам до крај“, изјави папата Бенедикт XVI за тогашните негови проценки.

Не сум повеќе во состојба

Одлучувачки момент беше патувањето во Мексико и Куба во 2012 година. „Тогаш повеќе не се гледав во состојба да преземам уште едно такво напорно патување“. За 2013 беше предвидено патување во Рио де Жанеиро на Светскиот ден на млади. „Како што папата Иван Павле II предвиде, физичкото присуство на Папата е неизбежно. Ова придонесе, службените должнсти да ги смета за голема обврска. Тогаш имал голема доверба, дека „Година на верата“ и после неговата служба ќе биде добро приведена кон крај. „Бев потполно убеден дека мојот наследник, како и што беше, ќе ја врши волјата Божја и иницијативите започнати од мене ќе ги заврши добро.“

Почесниот Папа во интервјуто повторно беше прашан кога точно одлучи да се откаже од службата, имено веќе на почетокот од неговата служба во Аквила на саркофагот од папата Целестин V, кој исто така се откажал од службата, го положи својот палиум.

Папата Бенедикт XVI повторно прецизираше на патувањето во Мексико и Куба, каде што „многу добро ги почувствував границите на моите физилки сили“. За тоа потоа разговарал со својот лекар по што одлучил да не патува на Светскиот ден на млади во Рио. „Од тогаш морав за кратко време да размислувам за датумот на моето повлекување.“

Молитвена служба

Не е случајност што Бенедикт XVI одлучи и после повлекувањето од Папската служба да остане во Ватикан. Манастирот Mater Ecclesiae, каде што моментално живее почесниот Папа, постојано го посетуваше и таму служеше Литургии. Куќата која беше наменета за сместување на директорот на Радио Ватикан папата Иван Павле II ја преуреди во место за молитва. Откако сестрите кои таму престојуваа ја напуштија куќата, се роди идејата, неговата служба за Црквата да ја продолжи од таму со молитва.

„Уште на почетокот на мојот понтификат бев потполно свесен на моите граници и ги прифатив“ се потсетува почесниот Папа. Добив голема подршка, преку молитви, застапништво на светци, но и преку писма од целиот свет од познати и потполно непознати луѓе. „Од таму и во тешките моменти бев сигурен и се уверив, дека Црквата ја води Господ.“ Поради тоа му беше и полесно, неговата служба повторно да ја положи во рацете на Господ.

 Наклонетост кон неговиот наследник

„Послушноста кон мојот наследник никогаш не беше доведена во прашање“, се потсетува почесниот Папа на неговото ветување од неговиот последен говор до кардиналите на 28 февруари 2013 година. По изборот на папата Фрањо се разви „длабоко заедништво и пријателство“. „Во моментот на неговиот избор, како и многумина, имав спонтано чувство на длабока благодарност за провидноста“. После двајца папи од Централна Европа со изборот на овој Папа погледот е упатен на универзалната Црквата.

Но благодарноста не се однесува само за овој проширен поглед, објаснува Бенедикт XVI. „Веднаш по неговиот избор (папата Фрањо) се обиде да ме добие телефонски. Откако не успеа, се обидел повторно, веднаш по средбата со верниците од целиот свет од балконот на базиликата Свети Петар и со мене разговараше срдечно“, раскажа почесниот Папа за моментот од 13 март 2013 година. Од тогаш меѓу нас се разви „прекрасен татковско-братски“ однос. „Скоро пред секое големо патување тој ме посетува“ изјави почесниот папа Бенедикт XVI.

Интервјуто – како што истакнува авторот Елио Џурирео – е прочитано и одобрено од почесниот папа Бенедикт XVI

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот