Ватиканските музеи ја враќаат поранешната традиција

Ватиканските музеи ја враќаат поранешната традиција

Ватиканските музеи ја продолжуваат традицијата која беше прекината во пандемијата, па така колекциите и Систинската капела повторно ќе бидат отворени бесплатно во последната недела од месецот од 9.00 до 14.00 часот, објавија на 16 февруари Ватиканските музеи.

Последниот влез е во 12.30 часот. Билетите не можат да се резервираат однапред, а бројот на посетители е ограничен. Сепак, можно е однапред да се резервираат индивидуални или групни тури под стручно водство и на тој начин е поевтино. Достапно е тричасовно водство на италијански и англиски јазик.

Во согласност со епидемиолошките прописи во Италија, потребна е и „зелена карта“ и маска FFP2 за влез во Ватиканските музеи. Документите мора да вклучуваат сертификати за целосна вакцинација или прележан Ковид 19. Се признаваат и националните дигитални Ковид сертификати.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот