Папата Фрањо: Со кроткоста го освојуваме срцето на братот

Папата Фрањо: Со кроткоста го освојуваме срцето на братот

Со кроткоста го освојуваме срцето на братот – истакна папата Фрањо на Генералната аудиенција продолжувајќи со серијата катехези за блаженствата.

Продолжувајќи со серијата катехези кои ги посветува на блаженствата, папата Фрањо за време на Генералната аудиенција која се одржа во салата Павле VI зборуваше за кроткоста и толкуваше дека зборот кроток значи мек, нежен, питом, љубезен и ненасилен и напомена дека кроткоста се покажува во моментите на конфликт затоа што секој може да изгледа кроток кога сè е мирно. Пример за тоа е Исусовото кротко однесување кое го имал за време на страдањето. Но зборот кроток – рече Папата, во Светото Писмо означува и оној кој не поседува земја Меѓутоа, третото блаженство вели дека токму тие ќе ја наследат земјата.

„Престани да се гневиш и остави ја јароста, не жести се толку многу – самиот да не правиш зло, зашто оние, што вршат зло, ќе бидат истребени, а оние, кои се надеваат на Господа, ќе ја наследат земјата.“ (Псалм 36,8-9) Евангелието нè враќа на тој 36 Псалм кој се читаше пред Светиот Отец да ја започне својата катехеза, а во кој се покажува односот помеѓу кроткоста и наследувањето на земјата. Тие се две работи кои изгледаат неспоиви затоа што често борбите се водат токму за поседување на земја – рече Светиот Отец и истакна: Н поседувањето на кротиките не е освојување, туку наследство.

Таа земја е ветување и дар за Божјиот народ и станува знак нешто многу поголемо од едноставна земја – рече папата Фрањо и продолжи: Псстои земја, дозволете ми да се послужам со игра на зборовите, а тоа е небото односно земја, ново небо и нова земја кон која одиме. Кроткиот не е кукавица, ниту оној кој се обидува да ги избегнува проблемите. Тој не е оној кој бара удобност, туку Христов ученик кој научил да ја брани другата земја. Тој го брани својот мир, односот со Бог, своите дарови, Божјите дарови, чувајќи ги милосрдието, братството, довербата и надежта. Затоа што кротките луѓе се милосрдни, братски расположени, полни со доверба и надеж.

Папата потоа зборуваше за гревот на гнев, кој сите ние во некој момент сме го искусиле и поттикна да се прашаме колку работи со гневот сме уништиле или загубиле. Моментот на гнев може да уништи многу работи, тогаш се губи контролата и не се вреднува она што навистина е важно, а може да се уништи и односот со братот, понекогаш и на непоправлив начин – рече Папата и напомена: Заради гневот многу браќа не разговарат, се одалечуваат еден од друг. Тоа е спротивно од кроткоста. Кроткоста собира, гневот разделува.

Кроткоста освојува многу работи. Кроткоста може да го победи срцето, да спаси пријателства и уште многу затоа што луѓето ќе се налутат, а потоа се смируваат, се преиспитуваат и повторно се враќаат на својот пат, па така кроткоста работите може да ги обновува. Па, земјата која треба да ја освои кроткоста е спасението на братот. Нема поубава земја од срцето на другиот, нема поубава земја која може да се стекне од мирот кој повотрно сме го воспоставиле со братот – заврши Светиот Отец.

После катехезата папата Фрањо ги поздрави сите присутни верници и поклоници, а посебно делегацијата на „Бенедиктинскиот факел на мирот“ која ја предводеа монс. Ренато Бокардо надбискуп на Сполето и Норча и дон Донато Оглијари, опат на манастирот во Монтекасино. Папата го благослови Бенедиктинскиот факел кој од сабота 22 февруари во 15.30 часот ќе го започне својот пат од Норча во Унгарија.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот