Ватиканските медиуми започнува со емитување на знаковен јазик

Ватиканските медиуми започнува со емитување на знаковен јазик

На Велигден, ќе започне проектот на ватиканската Дикастерија за комуникации насловен „Никој не е заборавен“, во кој содржините на знаковниот јазик ќе се емитуваат на Youtube каналот на Ватикан њуз, со цел луѓето со тешкотии во комуникацијата во потполност да можат да ги следат активностите на Папата.

Апелот да бидат ставени на располагање на сите верници соодветни и достапни средства за пренесување на верата го упати папата Фрањо во својата порака од 2020 година на Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

Проектот на Дикастеријата за комуникација „Никој не е заборавен“ има за цел да им понуди на луѓето со тешкотии во комуникацијата пристап до катехезата на Папата на Генералната аудиенција и молитвата Ангел Господов.

Услугата ќе биде бесплатна и ќе може да се пристапи преку Youtube каналот на Ватикан њуз. Ќе бидат достапни канали во живо на италијански знаковен јазик, услуга со титлови и снимена содржина на американски знаковен јазик.

Проектот ќе започне на Велигден, 4 април, на Папскиот благослов „На градот и светот“ – Urbi et orbi. Проектот во моментов е во експериментална фаза, кој ќе трае една година. Доколку биде успешен, може да прерасне во постојана услуга, која ќе нуди содржина на други знаковни јазици. Покрај каналот Youtube, ќе се создаде апликација која ќе биде достапна во наредните месеци, а исто така ќе има на располагање можности за слепите лица да можат интегративно да учествуваат во следењето на медиумите.

Преводот на знаковниот јазик и преводите ќе ги координира сестра Вероника Донатело, која е одговорен за пасторална грижа за лицата со попреченост во име на Италијанската бискупска конференција.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот