Патер Ломбарди ја заврши својата служба во Радио Ватикан

Послание, преобраќање, заедништво – се трите точки кои патер Федерико Ломбарди ги истакна на Литургијата во римската црква Света Марија во Транспонтина, која ја славеше на 29 февруари заедно со вработените на Радио Ватикан и други верници по повод завршувањето на неговата служба, Генерален директор на Радио Ватикан. Во таа прилика патер Ломбарди поттикна реформите на ватиканските медиуми да се гледаат со надеж и доверба, како и на обнова на посланието во служба на Папата и Црквата.

После Литургијата во просториите на Радио Ватикан е приредена свечена благодарност до патер Ломбарди и неговите 25 години служба и 47 години служба на Алберт Гасбари. Благодарност во писмена форма, преку својот заменик Бекиу упати и кардинал Пиетро Паролин, Папски државен секретар. На свеченоста исто така беше присутен и монс. Дарио Едоардо Вигано, одговорен на Папскиот совет за комуникации.

РВ/к.мк/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот