Папата: Христијани и муслимани, да развиеме свет на братство и достоинство

Папата: Христијани и муслимани, да развиеме свет на братство и достоинство

Папата Фрањо во четврток 4 мај 2023 година се сретна во Ватикан со учесниците на колоквиум помеѓу Дикастеријата за меѓурелигиски дијалог и Кралскиот институт за меѓурелигиски студии, со седиште во Јордан, за да ги истражи и зајакне елементите кои ги приближуваат христијанската и исламската вера, „посебно во времиња обележани со конфликти и насилство“.

Обраќајќи им се на учесниците VI. колоквиум меѓу Дикастеријата за меѓурелигиски дијалог на Ватикан и Кралскиот институт за меѓурелигиски студии, Папата го истакна фактот дека ова е нивна шеста средба, која сведочи за континуитетот и „одржливоста на патот на меѓурелигискиот и меѓукултурниот дијалог“ што воедно е „доказ за верно пријателство кое продолжува“.

Заедништво меѓу религиите

Темата на колоквиумот „Креативни заедници меѓу христијанството и исламот“, рече Папата, одразува дека „секој од нас е како алка во долг синџир: многу луѓе ни претходеа на убавиот и предизвикувачки пат на средба и пријателство, други ќе не следат, како што се надеваме и се молиме, потврдувајќи го тоа чувство на братство кое е основа за односите меѓу народите“.

Светиот Отец потоа искажа почит и благодарност на јорданскиот крал Абдула Втори за неговото внимание кон христијанските заедници не само во неговата земја туку и на Блискиот Исток воопшто, „посебно во времиња обележани со конфликти и насилство“.

Заштита на наследството

Кралскиот институт за меѓурелигиски студии, продолжи Папата, „меѓу своите главни цели има зачувување и промоција на арапското христијанско наследство“. Во оваа насока, мМожам само да изразам дополнителна благодарност, бидејќи тоа не само што им користи на христијанските граѓани, туку го штити и зајакнува ова наследство на целиот Блиски Исток, многу разнолико и богато со етнички групи, религии, култури, јазици и традиции“.

Посветеност на добриот живот

Римскиот бискуп истакна дека дијалогот што се практикува и промовира бара стил на искреност и меѓусебно почитување за да биде плоден и бара „свест за приближувањата и разидувањата“.

Она што ги поврзува христијаните и муслиманите, продолжи папата Фрањо, е и верата во вечниот живот и во Божјиот суд, што води кон заеднички напор „за добар живот, кој му оддава слава на Бога и радост на сите што ќе ги сретнеме на нашето земско ходочастие.“

Папата не пропушти да се потсети на трагедијата што и денеска ја доживува населението на Турција и северна Сирија, погодено од силниот земјотрес на 6 февруари годинава, кој предизвика жртви и разурнувања. Римскиот бискуп додаде:

„Нашето срце е исто така блиску до бројните луѓе кои го претрпеа страшниот земјотрес. Да се молиме за нив и да дадеме се од себе да им помогнеме. Тие се муслимани, христијани, наши браќа и сестри“.

Конечно, папата Фрањо побара Божји благослов за учесниците на средбата со желба „да се развие свет во кој сите ќе може да живее како браќа и сестри, во мир, безбедност и достоинство“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот