Папата до македонската делагација: Вие сте портата низ која христијанството влезе во Европа

Папата до македонската делагација: Вие сте портата низ која христијанството влезе во Европа

Папата Фрањо на 24 мај 2019 годна во аудиенција ја прими македонската делегација по повод чествувањето на светите Кирил и Методиј, која ја предводеше претседателот на Собранието Талат Џафери. По средбата со папата Фрањо делегацијата оствари средба и со Државниот секретар кардинал Паролин.

На средбата папата Фрањо се заблагодари најпрво за гостпримоството кое му го искажаа македонските власти и народ за време на неговата посета и посебна за време на светата Литургија, како и посетата на Спомен куќата „Мајка Тереза“ во Скопје. Освен тоа, Папата истакна дека впечаток му оставила и средбата со младите Македонци од различни вероисповеди, како важен знак за братството. Историски сте портата низ која христијанството влезе во Европа, а тоа е голема работа – истакна Папата на средбата

Претходно Светиот Отец ја прими и бугарската делегација и исто така се заблагдари за гостопримството и посебно ја пофали почитувањето кое општеството го има кон старите и децата. Поздравувајќи го митрополитот Антониј искажа голема почит кон патријархот Неофит.

За авторот