Кардинал Паролин го пренесе сочуството на папата Фрањо до семејствата на жртвите во Германија

Кардинал Паролин го пренесе сочуството на папата Фрањо до семејствата на жртвите во Германија

Папскиот државен секретар на Светиот Престол кардинал Пиетро Паролин ја пренесе пораката на Папата Фрањо во која тој изразува искрено и длабоко сочуство до семејствата жртви во нападот го германскиот град Ханау во близина на Франкфурт.

Светиот Отец изрази жалост поради деветте невини жртви во нападот на расистичкиот и ксенофобично настроен 43-годишниот германец Тобијас Ратјен.

,,Папата Фрањо е шокиран од страшното насилство во Ханау кое доведe до убивање на девет луѓе”, напиша кардинал Паролин во телеграмата до бискупот Михаел Гербер од Фулда, под чие црковна надлежност е Ханау.

Држаниот секретар на Светиот Престол кардинал Пиетро Паролин истакна дека Папата ја споделува тагата со ожалостените, искажува блискост во нивната болка, а за починатите го моли Господ да им биде милостив. Светиот Отец, додава кардинал Паролин, го моли Исус Христос, господарот на животот, сите оние кои тагуваат за нивните загинати да пронајдат доверба и утеха во Него, и преку животот да ги прати Божјиот благослов и мир.

Да потсетиме, убиецот Ратјeн е пронајден мртов во својот дом, заедно со неговата мртва мајка, која како што се претпоставува исто така ја убил. Неговите жртви биле Турци, Курди, луѓе од Бугарија, Босна и Херцеговина и Романија. Инаку, Турците се најголемо малцинство во Германија.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот