Кардинал Гамбети: Се основа нова ватиканска фондација „Fratelli tutti“

Кардинал Гамбети: Се основа нова ватиканска фондација „Fratelli tutti“

„Fratelli tutti”. По овој наслов енцикликата објавена есента минатата година му го донесе сонот на Папата за братство на сите луѓе на земјата. Фондацијата која сега треба да се основа во Ватикан е инспирирана токму од тоа.

Архипрезвитерот на базиликата Свети Петар кардиналот Мауро Гамбети најави дека фондацијата сака да работи на подрачјето на животната средина, политиката, економијата и едукацијата. Она што е необично седиштето ќе биде во зградата на базиликата Свети Петар.

Фондацијата би требало да започне со работата следната година, на почетокот на подрачјето на сакралната уметност. Подоцна ќе покрене посебени образовни проекти за кои фондацијата има намера да вклучи деловни луѓе и од политиката.

Идејата се создаде во Асизи

„Идејата се создаде во Асизи, дури и пред Папата да ја напише својата енциклика“, рече во разговор за Ватикан њуз кардиналот Гамбети фрањевец кој до неодамна живеел во Асизи. „Планот е да се приближиме со секојдневните проблеми на луѓето во духот на дијалогот и средбата. Да се создаде граѓанска свест, нов хуманизам кој се спротивставува на пропаѓањето. Инаку светот ќе биде ненаселен.“

Планирани главно едукативни проекти

„Фондацијата се создаде во Ватикан, но отворена е кон светот. Исто така сакаме да привлечеме други од општеството, компаниите и институциите и со нив да работиме на проекти. Пред сѐ на едукативни проекти,“ рече кардиналот фрањевец.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот