Апел на Меѓународен Каритас во пресрет на состанокот на врвот Г7

Апел на Меѓународен Каритас во пресрет на состанокот на врвот Г7

Генералниот секретар на Каритас Интернационалис Алојсиус Џон од земјите од групата Г7 бара простување на долговите на сиромашните земји и посилно залагање во борбата против климатските промени.

Во пресрет на состанокот за клима на врвот Г7 кој во петок на 11 јуни започнува во британскиот Корнвал каде во одморалиштето Корниш ќе се соберат лидерите на САД, Германија, Велика Британија, Канада, Франција, Италија и Јапонија и претставници на Европската Унија, Џон повика на зајакнат ангажман против неправдата.

„Во пандемијата на коронавирусот под лупа се најдоа постојано растечките неправди во денешниот свет, предупреди Џон во Рим на 10 јуни. За да се изгради иднината и неправдите мора да се отстранат. Каритас смета дека мора да се простат долговите на сиромашните земји, дури и приватните кредити, а тие средства да се употребат во борбата против пандемијата и нејзините последници. Исто така е неопходно да се инвестира во подрачјата посебно погодените од пандемијата како и во поголемо посветување за интензивирање на борбата против климатските промени, истакна главниот секретар.

Каритас Интернационалис е кровна организација на 165 национални Каритаси во целиот свет кои во околу 200 земји во светот пружат помош на оние во потреба. Состанокот за климата на врвот се одржува во подготовка за Конференцијата на Обединетите нации за климата COP26 во ноември во шкотскиот град Глазгов.

Ика/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот