Нунцијот Миглиоре на Националната средба на млади на руските католици

Нунцијот Миглиоре на Националната средба на млади на руските католици

Апостолскиот нунциј во Руската Федерација, надбискупот Целестино Миглиоре славеше света Литургија во Баикалск, Источен Сибир со што ја отвори осмата Национална средба на младите руски католици.

Со големо задоволство учествувам на оваа средба на младите руски католици – истакна надбискупот Целестино Миглиоре, Апостолски нунциј во Руската Федерација, кој на 19 јули 2018 година во Баикалск ја предводеше светата Литургија, заедно со дваесетина свештеници и со тоа ја отвори четиридневната национална средба на младите руски католици, која се одржува на тема: „Не бој се, Марија, зашто си нашла милост пред Бога“. Повеќе од 200 млади на возраст од 16-30 години, од четири бискупии од Руската Федерација дојдоа во Источен Сибир за да учествуваат на овој важен настан.

Мала, но динамична и радосна заедница

Не очекував толку многу млади – рече надбискупот во разговор за Ватикан Њуз – посебно ако се земе во предвид дека католичката заедница во Русија не е голема, а улога игра и далечнината. Она што ми остави најголем впечаток е квалитетот на тие млади; радоста која ја видов во нивните лица, искрена радост, би кажал дури чиста радост – истакна Апостолскиот нунциј Миглиоре.

Искрени сведоци на верата

Вклученоста и радоста заради учеството на овој настан, кој опфаќа моменти на молитва, медитација и разговор покажува, и покрај сите проблеми кои ги имаат семејствата во оваа земја дека сепак се семејствата кои уште знаат да овозможат добро воспитување – рече нунцијот и искажа почит исто така и до свештениците и бројните чесни сестри кои работат во оваа земја. Благодарејќи на нивното сведоштво, нивниот живот, кој го посветуваат и жртвуваат, но кој е и радосен, можеме да кажеме дека овие млади растат добро – истакна надбискупот Миглиоре.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот