Презентирана е Апостолската конституција „Praedicate Evangelium“

Презентирана е Апостолската конституција „Praedicate Evangelium“

На 21 март, во Канцеларијата за печат на Светиот Престол стручњаци од Ватикан ја презентираа долгоочекуваната Апостолска конституција на Папата за Римската курија „Praedicate Evangelium“.

Црковни поглавари и стручњаци вклучени во работата на новата Апостолска конституција за Римската курија го презентираа документот Praedicate Evangelium на двочасовна прес конференција. Текстот на документот е објавен два дена претходно, на празникот Свети Јосиф, 19 март.

Мисионерска димензија

Меѓу говорниците беше и бискупот Марко Мелино, секретар на Кардиналскиот совет, кој истакна дека насловот на документот „Praedicate Evangelium“, ја нагласува мисионерската димензија и основната должност за евангелизација, навестување на Радосната вест на Евангелието и се однесува на сите служби кои му помагаат на Папата во неговата пасторална служба.

Тој исто така нагласи дека Римската курија по природа е во служба на општата Црква, под водство на Папата и му помага во извршувањето на неговото општо пасторално послание во светот.

Бискупот Мелино истакна дека поимот синодалност сега влегува во употреба, бидејќи Римската курија станува сè поважна во слушањето и дијалогот со партикуларните Цркви додека ја извршува својата служба.

Завршување на реформата

Кардиналот Марчело Семераро, префект на Конгрегацијата за прогласување светци, кој им помагаше на папата Фрањо и кардиналите во подготовката на документот, даде увид во историскиот контекст на создавањето на конституцијата.

Новата Апостолска конституција ќе го замени досегашниот документ со кој се уредува Римската курија, „Pastor Bonus“, објавен на 28 јуни 1988 година од папата Иван Павле II. Новата Апостолска конституција ќе стапи на сила на 5 јуни 2022 година, на празникот Педесетница.

Кардиналот Семераро рече дека „Praedicate Evangelium“, кој беше создаден во текот на многу години врз основа на дискусиите што започнаа на конклавата во 2013 година, води до завршеток на реформата на Римската курија.

Многу реформи се веќе спроведени во последниве години, дури и пред завршувањето на новата конституција, но канцелариите на Римската курија ќе треба да се погрижат нивните сегашни статути да усогласат со последните измени со Апостолската конституција.

Новини во конституцијата

Своето мислење за документот даде и отец Џанфранко Гирланда, СЈ, црковен правник и почесен професор на Папскиот универзитет Грегоријана.

Тој го посочи новините, меѓу кои ја нагласи сè позначајната улога на верниците во Римската курија и можноста да имаат позиции на власт и управување, истовремено признавајќи ја одговорноста таму каде што е потребен свет ред.

Отец Гирланда ја коментираше улогата и авторитетот на бискупските конференции ширум светот во остварувањето на нивните овластувања. Ја спомена и Папската комисија за заштита на малолетниците, на која и беше дадено посебно значење и беше ставена под јурисдикција на Конгрегацијата за доктрина на верата. Тој ги опиша реформите и реорганизацијата на канцелариите во економско-финансиската област на Светиот Престол, со цел да се постигнат најновите стандарди и да се задоволат тековните потреби.

Како заклучок, тој посочи дека во сите овие реформи се става акцент на „внатрешната реформа“, што значи обезбедување на соодветно внатрешно расположение на сите оние кои служат во Римската курија, фокусирајќи се повеќе на личното, трајно преобраќање, што не е само прашање на структурата на „sempre reformanda“ – постојана обнова – туку пред сè во однос на луѓето.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот