Кардинал Паролин: Мора да се избегнува сè што може да предизвика ескалација на Блискиот Исток

Кардинал Паролин: Мора да се избегнува сè што може да предизвика ескалација на Блискиот Исток

На маргините на конференцијата Agidae (Associazione Gestori Istituti Dipendenti dall’Autorità Religiosa) на Папскиот универзитет „Urbaniana“ во Рим, државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пиетро Паролин ги коментираше последните вести од регионот на Блискиот Исток, по нападите од Израел и Иран, како и други актуелни теми.

Постои голема загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток, но кардиналот Паролин малку здивна бидејќи барем досега, по меѓусебните напади на Иран и Израел, конфликтот не ескалирал, од што многумина стравуваа. „Гледам дека сите работат да спречат тоа да се случи“, им рече тој на новинарите со кои се сретна на маргините на конференцијата.

„Ми се чини дека досега работите, во ова зло, одеа доста добро, во смисла дека не се случи она од што се стравуваше и дека двете страни се трудат да не провоцираат на таков начин да не се прошири конфликтот“, ги коментира државниот секретар најновите вести од Блискиот Исток.

„Верувам дека мора да се избегне сè што би можело да доведе до ескалација и, пред сè, да се осигура дека ситуацијата нема дда излезе од контрола, која повеќе никој не ќе може да ја контролира: тоа се случува ако нема посветеност од сите да ги модерираат своите ставови, повтори кардиналот Паролин, осврнувајќи се на позицијата на Соединетите Американски Држави, кои ја повторија својата поддршка за Тел Авив, иако не и во контранапад против Иран.

Во контекст на војната на Блискиот Исток, тој одговори и на прашање за неодамнешните конфликти за време на протестите организирани од студентите на римскиот универзитет „Ла Сапиенца“, кои бараа да се прекинат проектите за академска соработка со Израел за истражувачки проекти. „Лично ми е тешко да го разберам ваквиот начин на реагирање. Секако, секој има право да го каже своето мислење, но мислам дека тоа секогаш треба да се прави во форма на дијалог, со почитување на сечија мотивација и ставови. Се разбира, насилството во никој случај не е оправдано. Сметам дека за ова треба да се разговара, но со мирна, разумна дискусија“.

Државниот секретар на Светиот Престол во разговорот со новинарите се осврна и на темата за абортусот, поврзана со предлогот за вклучување на pro-life комисии во советувалиштата во Италија. „Ние сме за животот и за оние средства кои можат да овозможат афирмација на правото на живот, особено на жените кои се наоѓаат во тешкотии“, посочи тој, појаснувајќи дека не сака да навлегува во техничките аспекти на предлогот.

На крајот, тој апелираше да не се „казнуваат“ семејствата кои избираат приватни училишта за своите деца. Во таа смисла, тој потсети на зборовите на Бенедикт XVI, кој веќе „го дефинираше образованието како итност на нашето време“.

„Слободата на образование е, исто така, слобода на семејствата да го изберат видот на образование што сакаат да им го дадат на своите деца“, рече кардиналот Паролин. Тој заклучи дека „важно е да има поддршка за приватните училишта, да нема казни за родителите кои одлучуваат нивните деца да одат во овие училишта.“

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот