Молитви и солидарност за Хаити по катастрофалниот земјотресот

Молитви и солидарност за Хаити по катастрофалниот земјотресот

Црквите, граѓанските власти и хуманитарните организации се здружуваат во спасувачките напори и пружат помош на жртвите на разорниот земјотрес со магнитуда од 7,2 кој на 14 август го погоди Хаити, земајќи повеќе од 1400 животи.

Според последните податоци повредени се скоро 7000 луѓе, а материјалната штета е огромна. Најтешки се последиците на југозапад од земјата, посебно околу градот Лес Кајес, а епицентарот беше околу 125 километри западно од главниот град Порт-о-Пренсе. Болниците се пренатрупани, илјадници луѓе го загубија кровот над главата додека спасувачките служби ги вложуваат своите сили помагајќи им на прежевеаните. Хаитјаните стравуваат дека тропската депресија на Грејс ќе ја влоши ситуацијата со поплави и свлечишта.

Каритас Хаити уште во неделата ги мобилизираше сите тимови за да стигнат до најтешко погодените подрачја, особено во бискупиите Јеремие, Лес Кајес и Ансе-а-Веу Мирогоане. Но, сите акции се отежнати заради лошите пристапни патишта и големата несигурност во земјата.

Првиот извештај покажува дека во земјотресот се оштетени многу цркви, а во Лес Кајес и надбискупискиот двор, кардиналот Чибли Ланглоис е повреден, а еден свештеник почина во рушевините. Епископот Јосеф Гонтранд Декосте, ДИ го опиша уништувањето во Јеремие, луѓе во шок кој се задржуваат под дрвја или на отворени простори во страв од ново тресење на тлото.

Директорот на Каритас Хаити о. Жан-Херве Франкоис сведочи за огромната потреба за помош во храна, питка вода, шатори, хигиенски потреби и лекови. Каритас Интернационалис веднаш започна глобална кампања за собирање финансиски средства за помош на Каритас Хаити, во знак на глобална солидарност за жртвите од најновата криза.

Папата Фрањо во говорот по молитвата Ангел Господов на 15 август истакна: „Сакам да ја изразам својата близина на тоа драго население тешко погодено од земјотресот. Додека ја воздигнувам до Господ својата молитва за жртвите упатувам зборови на охрабрување за прежевеаните, изразувајќи надеж дека меѓународната заедница сложно ќе ја искаже својата солидарност: нека солидарноста на сите ги ублажи последиците од таа трагедија.“ Солидарност со населението во Хаити во неделата изрази и Епископската конференција на САД, молејќи за жртвите во земјотресот.

Хаити сѐ уште во целост не се опорави од катастрофалниот земјотрес со магнитуда 7 во 2010 година во кој животите ги загубија повеќе од  220.000 луѓе, ранети 300.000 а раселени 1,5 милиони. Тука е и убиството на претседателот Јовенел Моисе во јули оваа година и големата социоекономска и политичка несигурност влошена со пандемијата од коронавирусот.

Во меѓувреме Обединетите нации повикаа на создавање на хуманитарни коридори низ подрачјата коие владеат локални банди отежнувајќи го преминот на помошта кон јужните региони. И ООН и владата на Хаити имаат безбедносни проблеми со испраќањето помош и лекарски тимови во Лес Кајес заради бројните киднапирања и насилството на бандите на некои правци околу Порт-о-Принсе. Претставникот на УНИЦЕФ во Хаити Бруно Маес упати апел до вооружените групи да дозволат премин на конвоите со помош за да може што побрзо да се помогне на оние во најголема потреба.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот