Обожавање на Пресветата Евхаристија кај сестрите Евхаристинки во Струмица

Обожавање на Пресветата Евхаристија кај сестрите Евхаристинки во Струмица

Денес,  7 јуни 2018 година, по повод празникот на Пресветата Евхаристија, во манастирската куќа на Сестрите Евхаристинки „Воведение на Пресвета Богородица во храмот“ во Струмица, ќе се одржи десетчасовно Обожавање на Пресветата Евхаристија.

Целодневното обожавање ќе започне во 9.30 часот со света Литургија. За време на десетчасовното Обожавање на Светата Причест сите луѓе со добра волја имаат можност во тишина да се сретнат со Исус во Светото Причастие и да се придружат на сестрите во молитвата.

Во 17.00 часот ќе има благослов со Светата Евхаристија, а Обожавањето ќе заврши во 18 .00 часот со света Литургија.

Секој учесник во молитвата, ќе добие икона од сестра Еврозија Алоати и од о. Јосиф Алоати основачи на Општеството на Сестрите Евхаристинки со молитви за нивно застапништво пред Бога.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот