Петок на милосрдието: Папата во посета на „Casa di Leda“

Петок на милосрдието: Папата во посета на „Casa di Leda“

Папата Фрањо во петок 2 март 2018 годiна попладнето ја продолжи својата иницијатива Петок на милосрдието, изненадувајќи така пет мајки на возраст од 25 и 30 години, нивните деца и вработените на установата „Casa di Leda“. Со тоа повторно ја покажа својата близина сo оние кои живеат во тешки ситуации. Неговата поста беше nenadejna, а во негова придружба беше надбискупот Рино Физикела, претседател на Папскиот совет за промовирање на новата евангелизација, кој ја организира оваа иницијатива.

За време на едночасовната посета Папата разговараше со мајките и присутните вработени и си поигра со децата, кои радосно го дочекаа неговиот дар. Мајките од своја страна на Папата му даруваа производ, кој е произведен преку активностите кои се одвиваат во прифатилиштето. Исто така мајките имаа можност да му кажат на Светиот Отец за прекрасната можност да ги воспитуваат своите деца, и покрај ситуацијата во која се наоѓаат. Светиот Отец на мајките им поклони пергамент со неговиот потпис во знак на сеќавање за неговата посета.

Установата „Casa di Leda“, се наоѓа во деловниот дел на Рим, наречен Esposizione Universale Roma, а овој објект претходно биа во сопственост на лица поврзани со организиран криминал. Откако државата го конфискува имотот, куќата е претворена во прибежиште за жени, кои се со проблеми. Отворена е во март 2017 година, а ја води непрофитната организација „Cecilia Onlus“.

„Casa di Leda“ се грижи за мајки кои се притворени поради мали прекршоци, а чиј родителски права и понатаму се законски признати и периодот предвиден за затвор можат да го живеат во оваа установа заедно со своите деца во семејно опкружување. Мајките се придружувани од вработени на установата, како и воспитувачи и волонтери од волонтерското здружение „A Roma Insieme“, како и некои други организации.

Мајките кои живеат во таа установа им е дозволено своите деца да ги носат и да ги пречекуваат од училиште. Исто така учествуваат во активности кои се корисни за учење на некоја работа, која покасно ќе им биде од корист поради подобра интеграција во општеството. „Casa di Leda“ е прва ваква установа во Италија, и прва во светот.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот