„Осаменоста“ во центарот на темата на Папата за 4. Светскиот ден на баби и дедовци и стари лица

„Осаменоста“ во центарот на темата на Папата за 4. Светскиот ден на баби и дедовци и стари лица

Папата Фрањо ја објави темата на својата порака за овогодинешниот Светски ден на бабите и дедовците и старите лица под наслов: „Не отфрлај ме во староста“.

Во недела, 28 јули 2024 година, католиците ширум светот се повикани да одвојат време да размислуваат за големото наследство и мудроста што им ги пренеле нивните баби, дедовци и стари лица.

Во рамките на подготовките за 4. Светски ден на бабите и дедовците и старите лица, Дикастеријата за лаици, семејство и живот ја објави темата за 2024 година.

Светиот Отец ја избра темата: „Не отфрлај ме во староста“ (Псалм 70,9).

Според соопштението на Дикастеријата, со ова сака да се сврти вниманието на фактот дека, за жал, осаменоста е горчлива судбина во животот на многу постари луѓе, а тие често се жртви на културата на фрлање.

Негувајќи ги харизмите на бабите и дедовците и постарите и нивниот придонес во животот на Црквата, Светскиот ден се обидува да ги поддржи напорите на секоја црковна заедница во создавањето врски меѓу генерациите и борбата против осаменоста, со свест дека – како што се вели во Светото писмо – „Не е добро за човекот да биде сам“ (Битие 2, 18)“, се наведува во соопштението.

Осаменост и нежност на христијанската заедница

Префектот на Дикастеријата за лаици, семејство и живот, кардиналот Кевин Фарел изрази благодарност до Папата што ја истакна осаменоста што ја трпат многу постари луѓе.

Соочени со таа реалност, рече тој, семејствата и црковните заедници се повикани да предничат во промовирањето на културата на средба, да создадат простори за споделување, слушање, пружење поддршка и љубов, бидејќи така љубовта кон Евангелието станува конкретна.

Осаменоста, истакна кардиналот, е неизоставена состојба во животот на човекот, но и повик да се обратиме за утеха кон Бога Отецот.

Како христијани, рече тој, Светскиот ден на баби и дедовци и стари лица нѐ повикува да ја оставиме настрана нашата култура на отфрлање и да покажеме нежност и грижливо внимание кон најранливите членови на нашите заедници.

Молитвена подготовка за јубилејот

Светскиот ден на баби и дедовци и постари лица 2024 година се одржува во Годината на молитва одредена од папата Фрањо да им помогне на католиците да се подготват за јубилејот во 2025 година.

Папата утврди дека Светскиот ден ќе се одржува секоја година, во четвртата недела во месец јули, во близина на литургискиот празник Свети Јоаким и Ана, бабата и дедото на Исус.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот