Заврши состанокот на Папата со Кардиналскиот совет

Во среда, 16 септември 2015 година во Ватикан заврши повеќедневниот состанок на членовите на советот на деветте кардинали со Светиот Отец. Разговараа за основање на нови конгрегации, нови постапки за назначување на бискупи, секретаријат за комуникации, но и за постапките во случај на злоупотреба на деца. Следната средба на кардиналите со Папата треба да се одржи од 10 – 12 декември – истакна на прес-конфернецијата о. Федерико Ломбарди, директор на прес-службата на Светиот Престол.

Едно од новите тела би било задолжено за верниците, семјството и животот, а од членовите на советот на кардиналите – овој пат поради здраствени причини беше отсутен кардинал Марадијага – на Папата му изложија предлог за негово формирање, откако го ислушаа извештајот на кардинал Тетаманци, кој беше задолжен од Светиот Отец внимателно да ја испита изводливоста за воспоставување на нов дикастериј. Што се однесува за предлогот за нова конгрегација за милосрдие, правда и мир, кардиналите сé уште немаат конечен предлог.

О. Ломбарди потсети дека реформата на Римската курија е постепен процес, а Папата ќе одлучи за следните чекори. Поради тоа, кардиналите ги разгледаа процедурите за назначување на нови бискупи, односно квалитетите кои се бараат од кандидатот – додаде директорот на прес-службата на Светиот Престол. Каков лик на бискуп е соодветен за денешниот свет и кои прашања би требало да се земаат во предвид при барање на кандидатот – според о. Ломбарди, тоа се секогаш актуелни проблеми.

Исто така, на кардиналите се обрати и монс. Дарио Вигано, шеф на новиот Секретаријат за комуникации и ги запозна со текот на изработката на статутот на Секретаријатот. Кардиналите изразија задоволство од напредокот и побараа веднаш да се утврдат точни упатства за институциите вклучени во Секретаријатот за комуникации, со цел да се исполни барањето на Папата за реформата да оставри обединетост и едниственост на управата – нагалси о. Ломбарди.

На прашањето за изворот на информации од политичка природа, о. Ломбарди објасни дека Секретаријатот за комуникации има организациска намена и дека Државниот секретаријат ќе продолжи да биде извор на информации за односите со државите или други чувствителни прашања. Исто така, кардиналите разговарале за можноста за забрзување на процесите за бројни случаи за злоупотреба на деца кои треба да се решат.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк.
Категорија: Ватикан

За авторот