Папата учествуваше на екуменската средба во Братислава

Папата учествуваше на екуменската средба во Братислава

Во неделата на 12 септември 2021 година, папата Фрањо учествуваше на екуменската средба во Апостолската нунцијатура во Братисла во рамките на своето 34. Апостолско патување.

Средбата е одржана во нунцијатурата каде Папата престојува за веме на својот престој во Словачка. На средбата учествуваа претставници на 11 членки на Екуменскиот совет на Цркви во кој Епископската конференција на Словачка има статус на набљудувач.

Папата во своето обраќање рече дека „христијанството е и сака да биде семе на единството на квасец на братството“ во таа членка на Европската Унија. Се присети на долгогодишниот атеистички прогон во времето на Советскиот сојуз „кога слободата била загушена или грубо потисната.“ Кажувајќи на присутните дека слободата се врати по падот на Железната завеста, утврди дека сега го делат сличното искуство на раст во кое ќе се открие колку е убаво, но и тешко да се живее верата во слобода.

Предупреди на искушението да се вратат на уште полошото ропсто – „внатрешното ропство“. Притоа се осврна на Легендата за Големиот инквизитор од романот Браќа Карамазови на Фјодор Достоевски во кој Исус хипотетски се враќа на земјата и повторно е фатен. (…)

„Од овде од срцето на Европа, можеме да се запрашаме: Дали ние христијаните ја загубивме ревноста за навестување на Евангелието и за пророчкото сведочење? Нè ослободува ли  вистината на Евангелието? Или сметаме дека сме слободни кога можеме да ги означиме зоните на пријатност кои ни овозможуваат сè да задржиме под контрола и мирно да одиме понатаму без посебен застој? Дали сме задоволни со лебот и сигурноста, го загубивме полетот во барањето на единството за кое Исус молеше, едниството кое сигурно бара зрела слобода родена од цврстите одлуки, издржливост и жртва, но која е и причина светот да поверува (Ив 17, 21).“

Папата Фрањо затоа како пример ја истакна евангелизациската ревност на светите Кирил и Методиј. Кажа дека словенските апостоли можат на христијаните во Словачка да им помогнат повторно да го откријат братското заедништво во Исусово име и да ја стават верската и внатрешната слобода во ценатрот на односите помеѓу различни конфесии.

Додаде дека е невозможно да се надева дека Европа ќе биде исполнета и збогатена со Евангелието ако христијаните меѓусебно се разделени. Нека светите Кирил и Методиј претходници на екуменизмот (свети Иван Павле II., Slavorum Apostoli, 14), помогнат да се вложат сите напори за да работиме на помирување на различностите во Светиот Дух, молеше Папата. (…)

Својот говор го заврши изразувајќи надеж дека христиајните еден ден ќе можат повторно да бидат заедно околу Господовата евхаристиска трпеза. (…)

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот