Папата до студентите од Швајцарија: Имајте дух на ученици на секоја возраст

Папата до студентите од Швајцарија: Имајте дух на ученици на секоја возраст

Оваа година Здружението на швајцарски студенти ја прославува 75-годишнината од канонизацијата на заштитникот на нивната земја и здружението – Свети Никола од Флуе. Ова е причината за нивното ходочастие во Рим, при што се сретнаа со Светиот Отец, кој ги поттикна да се залагаат за правото на студирање.

Здружението на швајцарски студенти обединува луѓе од различни студиски области и генерации – факт што го пофали Светиот Отец, кој истакна дека е многу позитивно да се има средби и дијалог меѓу генерациите.

Ги повика присутните да му се заблагодарат на Господа за укажаната можност. Имено, студирањето не е нешто што се подразбира – многу луѓе немаат пристап до образование. Папата истакна дека особено жените често мора да се ограничат на пониски нивоа или на одредени видови студии; а постојат и тавки кои се обврзани на присилно образование. „Затоа, му благодариме на Бога што можевме да учиме и што можевме слободно да го правиме тоа“, рече Папата.

„Затоа, сакам да ви дадам предлог: вашето Здружение да преземе некоја конкретна ситуација во корист на остварување на правото на студирање.

Учењето е патување

Продолжувајќи, Светиот Отец истакна дека постои „убава аналогија“ меѓу студентите и ходочасниците. „Учењето е патување. А вашето здружение не потсетува дека студентите во поширока смисла се студенти доживотно“, истакна папата Фрањо. Студирањето, како човечки став, секогаш може да се негува. Тој станува поблагороден и попријатен колку повеќе е слободен, бесплатен, што не подлежи само на целта на користење.

„Во таа смисла, да се биде студент значи да сакаш да учиш, да знаеш, а да не сметаш дека веќе си доволен. Бидете на патот. Имајте дух на ученик, секогаш, на секоја возраст“.

Ученици на Словото Божјо

Потребно е и да се биде ученик на Словото Божјо, нагласи Папата, прашувајќи ги присутните: „Ако, како што реков, сте луѓе на патот, во потрага, дали исто така се чувствувате и како трагачи по Бога?

„Ми се чини тоа значи да се биде ходочасник: да не се задоволуваш со „животарање“, туку да сакаш да живееш. А Исус е Оној Кого Отецот го испрати да ни даде живот „во изобилство“ (Иван 10,10).

Помислете на Исус, поттикна Папата, читајте ги Евангелијата, за да може Исус да влезе и во вашето сеќавање како референца и во вашите срца, бидејќи Тој чука во срцето на секој од нас.

Папата Фрањо го заврши своето обраќање со молба за застапништво на свети Никола од Флуе, членовите на здружението секогаш да бидат страсни трагачи по вистинското, доброто и убавото.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот