Папата: Сонувам за Европа…

Сонувам за Европа со нов живот, која мигрантите не ги смета за „злосторство“, која не ги отфрла сиромашните, старите и болните луѓе, која своите граѓани не ги смета за броеви, туку ги гледа нивните лица – истакна Светиот Отец.

На крајот на краиштата Европа е „семејство на народите“ – истакна Светиот Отец во говорот до врховните претставници на европските власти кои дојдоа во Ватикан за да му ја врачат „Наградата Карло Велики“, пред свеченоста за врачување на наградата, Папата се сретна со претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, претседателот на Советот Доналд Туск и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, а потоа посебно се сретна со германската канцеларка Ангела Меркел.

Европо што ти се случи?

Папата во својот говор потсети на основачите на Европа кои сонувале за обединета Европа на која во нашето време и се заканува хаос. Што ти се случи химанистичка Европо, бранителке на човековите права, демократијата и слободата? Шти ти се случи Европо, земјо на поети, филозофи, уметници, музичари, писатели? Што ти се случи Европо мајко на народите на голите мажи и жени кои знаеле да го бранат животот и се жртвувале за достоинството на своите браќа? Зошто згаснале идеалите на твоите основачи, па дене се „се гледа само на сопствената придобивка“, а секој се затвора во посебни огради? – праша папата Фрањо.

Трансфузија на сеќавањата

За Европа да се поттикне и да се сети на вредностите на кои е основана има потребна од трансфузија на сеќавањето кое ослободува од моменталните тежнеења за да се гради на песок на непосредните политички резулатати, брзи и минливи, но кои не ја градат полнината на човечноста. Затоа е добро да се присетиме на татковците основачи на Европа. Тие не ја сонувале само Европа, туку смело го отфрлиле сѐ она што предизвикува насилство и рушење – кажа Папата додавајќи:

Солидарноста не е милостиња

Пред сите е предизвикот да се „осовремени европската идеја“, а тоа да успее се потребни се три способности: „да се интегрира, дијалогизира и произведува.“ Повикани сме да промовираме солидарна интеграција. Солидарноста не е милостиња, туку создавање на можности сите граѓани да можат достојно да живеат. Времето нè учи дека не е дозволно географската интеграција на луѓето, туку целосната културна интерграција е голем предизвик – рече папата Фрањо.

Дијалог, оружје за децата

Папата ги отфрли редукционистичките гледања кои наместо „големина, богатство и убавина“ раѓаат „малодушност, ограниченост и суровост“. Ја осуди „идеолошката колонизација затоа што „ширината на европската душа“ не е спротивставување на другите, туку во бројните култури и убавината. Токму во тоа треба да се гледа способноста за упорно водење на дијалог – рече Папата додавајќи:

Мирот ќе биде долготраен ако своите деца ги наоружаме со дијалог, ако ги научиме да водат добра битка на средби и преговарања. Културата на дијалог треба да ги исполнува сите училишни упатства, таа на младите ќе им помогне конфликтите да ги решаваат со дијалог. Денес не се итни воени и економски сојузи, туку културни, воспитни, филозофски и верски – рече Светиот Отец, а потоа се осврна на производствената способност.

Да се отвараат работни места за млади

Кога Папата зборува за „способноста на раѓањето“ тогаш ги охрабрува младите кои се борат со невработеноста и структуралната неизвесност. Ако сакаме поинакво општество, тогаш мораме да создаваме достојна и добро платена работа за нашите млади. Тоа подразбира пронаоѓање на нови економски модели, и поинклузивни и поправични кои не се во служба на неколкумина, туку за благосостојбата на народот и општеството. Тоа пак значи усвојување на општествена економија која вложува во личноста, создавајќи работни места и стручност – рече папата Фрањо.

„Сонувам за Европа…“

Црквата може да придонесе за преродба на изморената Европа која сè уште има сила и можност. Европа не може одново да се отвори за хуманизмот чија колевка и извор е. Со срце и душа, со надеж без залудна носталгија како дете која во мајката Европа ги открива корените на својот живот и вера сонувам за нов европски хуманизам. Сонувам за млада Европа, способна секогаш да биде мајка која има живот, го почитува и нуди надеж во животот – рече Папата.

Сонувам Европа на семејства со ефикасна политика фокусирана на луѓето, а не на броевите, повеќе на раѓањето деца отколку на растот на добрата. Сонувам за Европа која го промовира и заштитува секое право, која не заборава никого. Сонувам за Европа за која не може да се зборува дека нејзиното заземање за човековите права било последна нејзината утопија – заврши Папата.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот