Папата искажа голема жалост за децата војници

Папата искажа голема жалост за децата војници

За да ја пренесуваме верата потребен ни е Светиот Дух, сами не можеме – истакна папата Фрањо во пораката која ја објави на неговиот профил на Твитер, на 13 февруари 2018 година.

На 12 февруари пак по повод Меѓународниот ден против користењето на децата во војните, се осврна на тоа зло. Чувствувам голема жалост заради големиот број на деца кои се одземени од семејствата за да се искористат како војници. Тоа е вистинска трагедија! – напиша Папата.

Меѓународниот ден против користењето на децата во војните го одреди Организацијата на обединетите нации, а се одбележува на годишнината од стапувањето во сила на, Факултативниот протокол од Конвенцијата за правата на детето, односно 12 февруари 2002 година.

Претходни апели на Папата

Повеќе пати папата Фрањо го крена гласот за да се прекине тоа зло кое – според податоците на Обединетите нации – опфаќа најмалку 250.000 деца вклучени во вооружени конфликти во целиот свет. Така во говорот до дипломатскиот кор акредитиран при Светиот Престол, на почетокот на 2014 година, рече дека има чувство на ужас при самата помисла дека има деца кои како редовни или нередовни сили сѐ уште и денес се користат како војници. А во видео пораката со молитвената накана за месец декември 2016 година, како и во една твитер порака од минатата година, папата Фрањо поттикна да се направи сѐ што е можно за да се почитува достоинство на децата и да се прекине тој облик на ропство.

За жал последните години со сè повеќе нерегуларни војни, герилски, со новите појави на тероризам и со се подолгото траење на конфликтите бројот на децата војници – а станува збор навистина за деца; значи од 11, 12 или 13 години – повторно започна да се зголемува – објасни Рафаеле Салинари, претседател на италијанскиот огранок на организацијата Terre des Hommes, која веќе со години е дел од меѓународната коалиција наречена „Стоп за деца војници.“

Децата војници во светот

Од тоа зло најмногу се погодени африканските земји; и тоа земјите во Средна Африка, а последните години и субсахарска Африка – објасни Салинари додавајќи дека станува збор за појава која секогаш била прилично раширена и во Латинска Америка заради латиноамериканските герилски групи, кои пак во последно време се повлечени како што се на пример Револционерните вооружени сили на Колумбија (FARC). Освен тоа, таа појава е истакната и на југоистокот на Азија, на пример на Филипините, во Шри Ланка и во некои делови на границата помеѓу Индија и Пакистан.

Искористувањето на децата и насилството

Обединетите нации предупредуваат дека тие деца се искористуваат како борци, гласници, шпиони, доставувачи, готвачи, а девојчињата се присилени на давање сексуални услуги, и во целост се лишени од своите права и од детството. Мораме да кажеме дека станува збор за мали деца кои – како што рече Салинари – се „користат“ пред сè како вистински војници, односно се испраќаат во борба. Оружјето пак, како калашникови, се изработени така што да можат да ги употребуваат и деца на возраст од 12, 13 или 14 години.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот